Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарите се предизвикани од човечки фактор-Амазонија е неповратно оштетена

0
By Нова ТВ on August 23, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пожарите во Амазонија се предизвикани од сточари и дрвосечачи кои сакаат да ја искористат земјата, тврдат неколку организации за заштита на животната средина и истражувачи.

Програмскиот директор на непрофитната организација „Амазон воч“ (Amazon Watch), Кристијан Пуире смета дека поголемиот број пожари се предизвикани од човечки фактор, истакнувајќи дека и за време на сушниот период во Амазонија не доаѓа лесно до пожари.

Тој  додаде дека земјоделците и сточарите преку пожарите ја расчистуваат земјата.

Според него, степенот на уништување оваа година, во споредба со претходните години, е без преседан.

– Амазонија е неверојатно важна за нашата иднина. Амазонската прашума произведува околу 20 проценти од кислородот во светот, поради што се нарекува „планета на белите дробови“, вели Пуире.

Светската фондација за природа соопшти дека Амазонија е „неповратно оштетена“ и предупреди дека наместо кислород може да почне да испушта јаглерод, кој е главен двигател на климатските промени.

Бразилскиот министер за заштита на животната средина Рикардо Салес на Твитер напиша дека пожарите се предизвикани од сушното време, ветер и топлина.

Меѓутоа, метеорологот на Си-Ен-Ен, Хејли Бринк наведе дека за пожарите „дефинитивно е одговорен човечкиот фактор“, односно дека вината не може да се префрли на „природни причинители, како што е удар од гром“.

– Тоа е најдобро време за палење бидејќи вегетацијата е сува. Земјоделците ја чекаат сушната сезона и тогаш почнуваат да палат и да ја чистат областа за да се направи простор за пасење на стоката. И тоа е она што се сомневаме дека се случува таму, вели Бринк, додавајќи дека екот на сушната сезона е во септември.

Во меѓувреме, бројни еколози за пожарите го обвинуваат претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој за време на предизборната кампања вети дека ќе ја обнови економијата на земјата на начин што ќе го истражи економскиот потенцијал на Амазонија.

Организациите за заштита на животната средина сметаат дека Болсонаро ги охрабрил фармерите и дрвосечачите да ја експлоатираат и палат шумата како никогаш порано и дека нема да бидат казнети за таквите постапки.

Медиумите претходно пренесоа дека Болсонаро изјавил дека невладини организации ги подметнуваат пожарите во Амазонија со цел да ја дискредитираат неговата Влада откако им ги намалил финансиите.

Болсонаро денеска негираше дека некогаш рекол дека невладини организации ги подметнале пожарите во шумите, укажувајќи дека зборувал само за лично сомневање.

Бразилскиот претседател изјави денеска дека Владата има недостиг од средства за борба против шумските пожари во Амазонија.

Болсонаро, обраќајќи се на Фејсбук, рече дека сателитските снимки покажале дека прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година се погодени од рекорден број пожари.

Макрон: Ова е меѓународна криза

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа предупреди дека пожарите што го пустошат бразилскиот дел од Амазон претставуваат „меѓународна криза“ и ги повика членките на Г7 да разговараат за овој проблем на претстојниот самит во Бијариц, во Франција, викендов.

„Нашата куќа е во пламен. Буквално. Гори Амазонија, градите на нашата планета која произиведуваат 20 отсто од кислородот. Ова е меѓународна криза. Членки на Г7, се гледаме за два дена кога ќе разговараме за овој проблем“, напиша францускиот претседател на Твитер.

Макрон со пораката на Твитер му се приклучи на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутиереш, кој вчера истакна дека е „ длабоко загрижен“ заради пожарите во Амазонија.

Но, Болсонаро на Твитер остро го нападна Макрон што сака темата да се дискутира во отсуство на земјите од регионот на Амазон и во потегот на Макрон гледа обид „внатрешните работи на Бразил и и другите земји од регионот да ги инструментализира и од тоа да извлече личен профит.“ „Сензационалистичко алчниот тон“ на Макрон не продонесува за решение на проблемот, напиша Болсонаро.

Податоците на бразилската Агенција за вселенски истражувања покажуваат дека оваа година рекорден број пожари се евидентирани во дождовните шуми во бразилскиот дел на Амазонија. Годинава во прашумите имаше 83 отсто пожари повеќе отколку во 2018 година, соопшти Агенцијата.

Најголемата дождовна шума во светот – Амазонија е клучна во борбата против глобалното затоплување. Шумските пожари вообичаено се случуваат за време на сушната сезона во Бразил, но и намерно се палат со цел расчистување на шумата заради простор за одгледување стока.

Податоците на Агенцијата покажуваат дека повеќе од 72.000 пожари гореле меѓу јануари и август оваа година во бразилскиот дел на Амазонија. Ова е најголемиот број забележен од кога почнала да се води евиденција во 2013 година. Од Агенцијата соопштија дека до минатиот четврток евидентирани се над 9.500 пожари, главно во Амазонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.