Голема експлозија одекна кај гробиштата Орловача во Белград утрово во 7:30 часот. Предраг Мариќ од српската полиција за РТС изјави дека на Ибарската магистрала кај гробиштата Орловача експлодирал гасовод.
Мариќ рече дека пламенот бил висок 40 метри и дека нема повредени.
Во моментов сообраќајот на заобиколницата околу Раковица е повторно воспоставен откако пожарот е изгаснат.
Поради пожарот кај тунелот Стражевица направена е мала материјална штета.
Српските медиуми јавуваат дека причината за пожарот ќе биде соопштена откако надлежните служби ќе ја спроведат истрагата.