Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Позитивната листа на лекови не е променета и по две години- се чекаат законските измени

0
By Менче Атанасова Точи on July 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позитивната листа на лекови се уште не е променета и во неа нема нови лекови иако министерот за здравство Венко Филипче пред година и половина најави дека ќе ги укине 14 комисии за ревидирање на листата воведени од екс министерот Тодоров.

Пред точно четири месеци  пак, Филипче излезе со изјава во Влада дека со заштедата од намалување на цените на околу 550 лекови(генерички и иновативни) ќе обезбедат буџет со кој понатаму ќе ја прошират позитивната листа на лекови. Филипче тогаш рече дека цените се намалуваат од 40 до 50 отсто, а вкупната заштеда на годишно ниво ќе биде над 2 милиони евра.

Тој рече дека заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993.000 евра, додека кај иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра  или вкупно 2.381.600 евра.

„За компарација во 2016 година вкупната заштеда кај оригинаторните и генеричките лекови изнесувала 1.126.000 евра, а во 2017 заштедата изнесувала 398.315 евра“, изјави Филипче на 29 март 2019 година.

Но, досега ниту комисиите се сменети, ниту Министерството за здравство излегло со анализа како тоа ќе го постигне, а нема ниту информација колкава е заштедата досега и што со неа понатаму.

Во Министерството за здравство велат дека во собраниска процедура е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување.

„Во него е предвидено да се формира една комисија за позитивна листа, наместо досегашните 14 комисии. Откога ќе се донесе Законот, ќе се формира комисијата. Подготвени се подзаконските акти за утврдување на критериумите и методологијата, согласно која ќе се прави изборот на лековите што ќе бидат ставени на позитивна листа. Планирано е најмалку еднаш годишно да се проширува позитивната листа на лекови со нови генерации на лекови“, одговорија за НОВА во Министерството за здравство.

Ова значи две изгубени години, а додека се направи сето тоа и повеќе и голем удар за пациентите кои немаат можност да се лекуваат со современи лекови или пак се принудени да си купуваат,  коментираат за НОВА во лекарските кругови, кои пак со ова се оневозможени да применуваат медицина базирана на докази.

„Многу лекови кои одамна наоѓаат примена во соседните земји ние не можеме да ги препишеме на рецепт, туку им препорачуваме на пациентите да си купат. Иако некои од нив можеби и не се премногу скапи има луѓе што не можат да ги купат. За скапите и да не зборуваме. А, правото на лекување е Уставно загарантирано за секој граѓанин“, потенцираат лекарите.

Позитивната листа на лекови не е промената повеќе од една деценија и во неа се наоѓаат многу застарени лекови кои веќе се исфрлени од употреба во другите земји,а  нови нема. Ревидирање на листата и внесување на нови лекови беше еден од приоритетите на оваа власт.

Од друга страна, проблемот со лековите кои ги снемува во првите денови од месецот останува и понатаму. Вчера на собраниска говорница, одговарајќи на пратеничко прашање премиерот Заев изјави дека причината за ваквата состојба се фиктивни фактури кои биле издавани во аптеките со што, како што рече, се тргувало со лекови. Тој најави дека најдоцна до почетокот на октомври ќе се најде решение за оваа состојба и дека анлизите се во тек.

„Фиктивни рецепти се издавани некаде и со лековите се тргува, ние правиме сериозни истраги. Но, малку и психолошки е тоа бидејќи граѓаните да не останат без лекови уште на 1.ви чекаат за земат лекови и трупаат цели аптеки дома, а на крај ги фрлаат. Граѓаните треба да добијат лек во било кој ден од месецот, некои лекови некогаш живот и значат. Затоа државата мора рационално да управува и од 1.ви септември  до 1.ви отомври ќе бидат готови анализите и ќе се знае какво решение ќе се најде. Целта е граѓаните да имаат лекови во текот на целиот месец“, рече премиерот Заев.

ФЗОМ и претходно најавуваше дека се тргува со лекови во аптеките но, цели две години проблемот со квотите и недостигот на лекови на рецепт во текот на месецот не е решен.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.