НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Познат е профилот на идните членови на Антикорупциската комисија

3
By Соња Петрушевска on August 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот законски текст за избор на нови членови Државната антикорупциска комисија е доставен до Министерството за правда. Експертската група која го изготвила предлага нов начин за селекција и избор на членовите на ДКСК.

Според информации на НОВА, се предлагаат построги критериуми за изборот на новите антикорупционери, со кои треба да се елиминира политичкото влијание. За претседател и член на ДКСК ќе можат да се пријават лица кое изминатите 10 години, пред да се пријави, не биле членови на политичка партија и не биле на политичка функција – пратеник, министер. Исто така како услов за кандидирање се предлага и долгогодишно искуство – претседателот на комисијата да има 15 години работно искуство, а 10 години да работел во области поврзани со борбата против корупцијата.

Експертската група исто така ценела дека процесот на избор на членови на ДКСК треба да биде отворен и јавен, за разлика од досегашната пракса кога собраниската Комисија за избори и именување ги селектираше кандидатите кои понатаму беа потврдени на пленарна сесија, а разгледувањето на квалификациите на пријавените кандидати не беше јавно. За да се спречи елиминација на добрите кандидати од страна на партиите, се предлага т.нр. сослушување на кандидатите или јавно интервју со кандидатите кое нема да го прават членови на комисијата за избори, туку граѓански организации и лица кои се активно вклучени во овој процес за да се „испитаат вредностите, знаењето и планот на кандидатите“ за борбата против корупцијата.

Во однос на мандатот – се предлага тој да биде во траење од 5 години, но без право на реизбор. Односно да мора да паузираат еден мандат, а потоа ќе имаат право повторно да се пријават. За потешки повреди, членовите и претседателот на Комисијата ќе бидат разрешени. Се предлагаат и поголеми надлежности на ДКСК за „судир на интереси“ и за дела поврзани со средната и висока корупција со поголема координација со Јавното обвинителство. На прсти се бројат оние случаи кога по барање на ДКСК поради утврден случај на судир на инетерс, некој функционер беше разрешен.

Од експертската група која работеше на текстот на измените на Законот велат дека „се зависи од политичкиот амбиент – ако постои амбиент за вистинска борба против корупцијата, сите  професионалци и луѓе кои имаат кредибилитет ќе се впуштат во оваа битка и ќе се пријават да бидат дел од новиот состав на Антикорупциската.

Задачи на новите антикорупционери: да се врати борбата против корупцијата, но и угледот на институцијата 

Во Министерството за правда потврдија дека работната група ги подготвила измените на  Законот за Антикорупциска и најавуваат дека во најскоро време тие ќе бидат јавно објавени и по нив ќе се отвори дебата. Очекуваат исто така во најскоро време да се изберат новите членови на ДКСК.

Новиот модел на Антикорупциска, министерката за правда го најави на почетокот на јули кога исто така рече дека заедно со меѓународната заедница ќе се зајакнат и техничките капацитети кои ќе бидат ставени на располагање на новата антикорупциска комисија.

„Идејата е новата комисија да биде составена од експерти, луѓе коишто немаат политичка афилијација, а тоа го сметаме за некој вид предност – знаењето, но и политичката неврзаност како предност во смисла на исполнувањето на овие задачи коишто оваа антикорупциска комисија треба да ги има. Во рамки на оваа работна група покрај моделот на антикорупциска комисија, се разгледуваат и надлежностите на овој орган бидејќи ефективни надлежности но и јасни законски норми ќе бидат секако придонес кон подобро вршење на активностите на овој орган во рамките на своите надлежности“, изјави тогаш Рената Дескоска.

Претседателот и членовите на антикорупциската комисија поднесоа оставки во март, по наводите дека несовесно трошеле буџетски пари. Од тогаш поминаа цели 5 месеци,  а до изборот на новиот состав и имплементација на новиот Закон ќе поминат уште најмалку два месеци.

Слаѓана Тасева

Првата претседателска на Антикорупциската комисија Слаѓана Тасева вели дека „многу долго време, половина година се остави антикорупциската нефункционална и подобро ќе беше да се избере и привремен состав на комисијата кој „ќе реагираше  во предметите со судир на интереси“ , а не само да се зборува за тоа.

Македонските власти  се постојано критикувани  дека „ немаат доволно политичка волја за борба против корупцијата“ и дека овој проблем останува широко распространет.  Во последниот извештај на ГРЕКО, борбата против корупцијата беше оценета како „разочарувачка“.

Борбата против корупцијата беше негативно оценета и во Извештајот на ЕК за напредокот на земјава. „Земјата мора да покаже сериозна политичка волја дека сака да се справи со корупцијата која е присутна во многу области , а има само мал број пресуди поврзани со висока корупција“ нотираше Европската комисија. Комисијата бараше од властите да покажат дека институциите кои се надлежни во борбата против корупцијата се автономни во одлучувањето, ги имаат потребните ресурси и кадар да водат слуачи поврзани со висока корупција.

Пет месеци откако Европската комисија ги објави овие препораки нема значителни поместувања.

„И сега нема политичка волја. Единствена светла точка е Финансиската полиција но не е соодветно следена од другите институции, како што е Јавното обвинителство. Единствено тие се активни и работат нешто на тема борба против корупција, особено за финансискиот криминал но ако тие работат, а нема обвиненија, се сведува на исто“ вели Тасева и додава дека неодговорниот однос кон едно важно важно прашање како што е борбата против корупцијата „ќе се врати како бумеранг“.

Во мониторингот од европските институции исто така се бараше и зајакнувањето на истражувачките капацитети и независноста посебно на Антикорупциската комисија од политичките партии и дека  генерално има ограничени податоци за корупциски случаи во кои се вклучени високи функционери.

Новиот состав на Антикорупцсиката комисија ќе има тешка задача – освен да ја врати вербата во борбата против корупцијата, ќе треба да го поврати и угледот на институцијата која во изминатите години  успеа да се претвори во продолжена рака на власта која отвораше и затвораше истраги по нарачка на владините функционери. Наместо  да се спротистави на очигледните случаи на корупција, членовите на ова тело замижуваа или уште пострашно се обидуваа да ги заштитат владините функционери кога јавноста бараше отчет за нивното богатење – и ги криеа нивните анкетни листови. За тоа како работела антикорупциската комисија во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се слушна и во еден од телефонските разговори објавени за време на судењето на „Титаник“, во кој Јанкуловска бара од Иво Котески да се слушне со членови на антикорупциска и тие да отворат предмет за имотот на Б.Ц. што и се случува.

Интегритетот на антикорупциската комисија е сериозно нарушен. Новиот состав на комисијата ќе треба да покаже дека е на страната на правната држава во која нема повластени , и да манифестира решеност дека е ослободена од било какви притисоци во битката против криминалот и мафијата.

 

Антикорупциска закон Тасева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.