Познати личности од различни сфери, говорејќи на различни јазици, заеднички пренесуваат една иста порака: Не за омразата!
Тони Зен, Амернис Нокшиќи, Пеце од Суперхикс, Наумче Мојсовски, Жарко Димитриоски, Сара Мејс, Кирил Андоновски, Татјана Лазаревска, Леонора Пољоска и Софија Теодор се огласија во кампањата која ја спроведе сајтот „безомразно.мк“.
Безомразно е информативно – едукативна веб страница создадена од Македонскиот институт за медиуми со поддршка од Британската амбасада, чијашто главна цел е да ги информира граѓаните на Македонија за повеќе аспекти поврзани со говорот на омраза, и да го подигне нивото на знаење и разбирање помеѓу младите, јавните личности и медиумите за неговите ефекти во јавниот дискурс.