Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради, како што вели, избегнување на можен конфликт. Имено, тој му е брат на Фатмир Бесими, кој е номиниран за министерската функција за финансии.
-Стоејќи се на принципите на еднаквост, правда, можност за сите и целосно почитување и без никакво двоумење на законот и волјата на народот, ве известувам дека останувам принципиелен и следствено на тоа давам оставка од мандатот на народен пратеник, за да се избегне можен конфликт. од интерес со мојот глас во собранието“, вели на ФБ Флорин Бесими.