Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеникот Ковачки призна дека пласирал лажна вест, но наместо да се извини продолжи со клевети и говор на омраза

0
By Ана Василевска on November 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако неколку медиуми, меѓу кои и Фронтлајн, ја разобличија лажната вест на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој признава дека пласирал лажна вест, тој наместо да и се извини на јавноста продолжува со клевети и неоснован говор на oмраза.

„Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки продолжува со ширењето на лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е слика од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје. Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации“, објави вчера Фронтлајн разобличуваќи ја лажната вест од Ковачки, со која тој се обиде да го дискредитира министерскиот самит на ОБСЕ кој ќе се одржи во Скопје, за време на претседавањето на Северна Македонија со организацијата.

После тоа, пратеникот Kовачки наместо извинување за објавената лажна вест, на неговиот фејсбук профил објави текст со клевети, говор на омраза и напад на слободата на медиумите да разобличуваат дезинформации, иако во текстот признава дека пласирал лажна вест и дека го избришал постот.

Снимка од екран на фејсбук профилот од Драган Ковачки

Постот од Ковачки  со клевети и говор на омраза, до моментот на објава на овој текст е споделен 25 пати и има 118 импресии.

Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн.мк

дезинформации Ковачки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.