Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците ги поддржаа законските измени за лична карта

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието попладнево со 62 гласа „за“  го поддржа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, и го проследи во натамошна  процедура.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  образложи дека законот е предложен со цел да се испочитуваат уставните одредби што се однесуваат на примената на Договорот од Преспа и Законот за јазиците.

-Во овој текст на закон се опфатени двете измени за да можеме практично да ги издаваме новите лични карти со новото уставно име и примена на Законот за јазците, практично на сите заедници кои живеат во  Република Сецверна Македонија кои се наоѓаат во Уставот, рече Спасовски посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено за реализација на овој проект.

Тој потсети дека од 1 јули почна издавањето на патни исправи, додека во однос на лични карти граѓаните добиваат термини, се земаат сите податоци, се поднесуваат барања, но производство на личните карти уште не е почнато заради носење на ова законско решение.

-Важно е да се донесе ова законско решение заради интересот на граѓаните. Треба час поскоро да се донесе Законот за лична карта, за да можат граѓанит да ги добијат личните карти,  истакна Спасовски.

Тој додаде дека и во овој закон има дефиниран рок на замена на лични документи, како што е направено и во делот на патните исправи. Личните карти, како што рече, ќе важат  во рок наведен во важење на личната карта, најдоцна до 12 февруаври 2024 година. Тогаш граѓаните ќе треба да ги заменат личните карти со нови, кои ќе бидат усогласени со Уставот и со важечките законски прописи.

Пратеникот Павле Трајанов, пак, предложи да се размисли со натамошната постапка за законските измени да се овозможи во личната карта покрај другите податоци да се стави и крвната група на имателот на овој документ.

-Се случуваат сообраќајни несреќи и во други кризни состојби исклучително е важно брзо да се интервенира и да се заштити здравјето на граѓаните преку примена крвна плазма, рече Трајанов.

Во попладневниот дел од работата на Собранието беа донесени и измените на Законот за социјална заштита со кои се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шест годишна возраст со  намален функционален капацитет.Со измените се очекува 200 деца да добијат услуга на лична асистенција од 80 часа во текот на еден месец.

Претходно, пратениците ги усвоија и измените на Законот за додадена вредност, со кои даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти, како и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

измени лична карта Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.