Правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет за Владата, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков, откако вчера реализира средба со неколку бугарски државјани од Македонија.
Како што беше соопштено, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ги претставил последните разговори на оваа тема во рамките на преговорите со Северна Македонија а во чиј фокус е и вклучувањето на Бугарите во нашиот Устав.
Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.