Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Право на живот

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Правото на живот е основно човеково право, признато со низа историски документи кои датираат од пред неколку векови и претставуваат основа на цивилизацијата. И според член 10 на Уставот на РМ животот на човекот е неприкосновен. Правото на живот се одредува како прво и основно право и во Европската конвенција за човековите права која е ратификувана во Македонија и како таква е дел од внатрешниот правен систем. Државите потписнички на ова Конвенција, вклучувајќи ја и Македонија, имаат должност да го заштитат и да го гарантираат правото на живот на сите што се наоѓаат во нивната територија. Правото на живот не е само некое формално право на човекот, тоа е негово суштинско и апсолутно право. Тоа што Господ го дал, човекот не смее да го одземе, толку е едноставно. Државата пак, е гарант на ова фундаментално право на човекот. Тоа значи дека државата треба да прави сé што е возможно да го заштити правото на живот од секаква опасност, додека пак кога сепак, се случува животот на некого да биде изгубен, државата и нејзините институции имаат законска, уставна и меѓународна ДОЛЖНОСТ да обезбедат адекватна и ефикасна истрага за случајот, ефективно да го гонат и соодветно да го осудат човекот кој посегнал по нечиј живот. Ова не претставува декларативна обврска на државата туку нејзина апсолутна и неизбежна должност. Праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) познава многу случаи во кои државите носеле одговорност затоа што не ги исполниле процедуралните обврски во врска со гарантирањето на правото на живот: да преземат сериозна, соодветна и ефикасна истрага и постапка за лицата кои го прекршиле најсуштинското човеково право.

Еден од случаите во кој против Македонија била покрената постапка пред ЕСЧП е Китановска и други против Македонија. Се работи за случај на разбојништво што се случило во една куќа при што едно лице (таткото) го изгубил животот додека пак други (синовите) биле повредени. Двајцата разбојници биле казнети со екефтивни казни затвор, меѓутоа еден од нив, кој бил малолетник, не се пријавил во Затворот за малеолетници за издржување на казната и цели 18 месеци бил недостапен за државните органи. После 18 месеци бил приведен и започнал со издржување на казната. ЕСЧП во овој случај утврдил дека постапувањето во согласност со обврските на државата кои извираат од членот 2 од Конвенцијата, претпоставува домашниот правен систем да го демонстрира сопствениот капацитет за имплементација и спроведување на кривичното законодавство спрема оние кои спротивно на законот одзеле нечиј живот. Судот утврдил поведа на членот 2 на ЕКЧП во однос на процедуралните обврски за државата заради фактот што државните органи не покажале доволен капацитет да спроведат казна изречена од суд.

Имајќи го предвид овој случај, се прашувам како би постапил Европскиот суд за човекови права кога би требало да пресуди за случајот Алмир Алиу. Би сакала да знам со кои аргументи државните институции во Македонија ќе се потрудат да ја оправдат преквалификацијата на обвинението од умислено убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици. Би сакала да знам што би кажал Европскиот суд за тешките недостатови во истрагата на овој случај, недостатоци кои посе ле огледуваат на самото докажување на делото. Тој капацитет на државата ефективно да гони дела против животот на човекот за кој ЕСЧП зборува во случаот Китановска и други против Македонија, јасно се гледа и во случајот Алмир Алиу.

Би сакала да го прочитам објаснувањето на државните правосудни институции за целосно недоличнотото однесување на обвинетиот дента кога беше ослободен од притвор. Преквалификацијата е направена со образложение дека обвинетиот не го извршил делото со умисла, туку дека тоа било несреќа. Знаете како се однсува човек кој несакајќи одзел живот на четиригодишно дете? Сум имала можност да видам луѓе кои несакајќи причиниле таква голема штета, и тие вообичаено се запрепастени, изнемоштени и преполни со тага и грижа на совест. За нив казната почнува многу порано од било која санкција изречена од судот, бидејќи тие самите тагуваат заради тоа што го направиле несакајќи, и секој јасно може да ја гледа таа тага во нивниот лик, секогаш, без разлика колку време поминало од настанот. За жал, ништо од тоа не видовме кај обвинетиот Илиќ или неговиот брат, дента на прекинувањето на притворот, и тоа е најдобар доказ дека тој кобен чин што се случи пред две години е многу далеку од сообраќајна несреќа. Затоа би сакала да ги знам причините зошто обвинителството не побара продолжување на притворот кога се работи за такво тешко кривично дело.

Би сакала да видам како ќе образложат државните институции дека навистина го гарантирале правото на живот на Алмир Алиу според основните принципи на човечноста. Би сакала да видам како обвинителството ќе го убеди ЕСЧП дека постапката на гонење на обвинетиот за прекршување на основното право на Алмир, правото на живот, била сериозна, ефикасна и соодветна. Кога се гледа снимката од настанот, кога се дознаваат фактите за целиот настан и се слушаат мислења на експерти, тешко е да се верува дека тоа што се случило било несреќа. На виедо-снимката јасно се гледа намерното удирање на обвинетиот со неговиот автомобил по Алмир и неговите родители. Дали била целта да се усмрти токму Алмир не е важно, колку што е важно да се види дека постои умисла да се убие некој од присутните на тоа место во тоа време, кои случајно се токму лицата со кои обвинетиот бил скаран. Тешко е да се верува дека ситуацијата која е школски пример за евентуална умисла е всушност несреќа. Можеби нападот бил умислен кон таткото на Алмир, меѓутоа тоа не значи дека сторителот е невин за смртта на Алмир. Тоа се вика евентуална умисла, бидејќи не е важно кој бил убиен, туку е важна намерата да се посегне по нечиј живот, што јасно се гледа на видео-снимката. Тоа е фактичка ситуација која не може да се промени. Карактеризирањето на таа ситуација како несреќа е навреда за интелигенцијата на секој нормален човек. Образложението дека гоненњето на овој случај како сообраќајна несреќа со смртни последици е најсоодветниот начин на гонење на настанот е неприфатливо врз основа на европските стандарди но пред сé врз основа на основните човекови стандарди на правдата.

Тешко е да се верува во правда во држава во која самите институции признаваат дека без силни докази осудиле за тешки дела и на тешки казни припадници на одредена етничка заедница. Пред само неколку месеци, в.д. ЈОРМ побара повлекување на првостепената и второстепената судска одлука во случајот Монструм заради незадоволителна доказна постапка и судење на случајот од почеток. Пред само неколку дена осудените во случајот Сопот се прогласија за невини, откако цели 15 години издржаа затворски казни врз основа на исказ на сведок како клучен доказ а кој всушност бил земен со мачење. Во случајот Алфа-ПМФ, осудените тврдат дека сведоштвата на над 20 сведоци не биле прифатени од судот, наспроти на сведоштвото на заштитените сведоци на обвинителството. Во повеќето вакви проблематични случаи, доказите на обвинителството биле безрезервно прифатени од судот и кога биле слаби и сомнителни, додека пак доказите предложени од одбраната “соодветно ценети, меѓутоа отфрлени”. Сега пак, во случај во кој жртвата е етнички Албанец, обвинитеслството создава впечаток дека повеќе ги брани интересите на обвинетиот отколку на жртвата, а судот не ги прифаќа доказите на оштетената страна. Тешко е да се создаде било каква доверба во правосудството во ситуации во кои цело време, една страна, која, случајно или не, секогаш припаѓа на истата етничка заедница, не успева да дојде до вистинска правда. Можеби после неколку години ќе се прифати дека точната квалификација за делото сторено против Алмир било убиство, меѓутоа, знаете, задоцнета правда значи негирана правда. А правдата предолго беше негирана во овие простори и затоа правосудството не смее веќе тоа да си го дозволи.

Една држава која не е способна на своите граѓани да им го гарантира најсуштинското човеково право, правото на живот, тешко може да тврди дека има функционална правда. А без таква функционална правда, знаеме, нема ни мир.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.