НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правобранителот бара од Владата да ја зајакне безбедноста на лековите

0
By Менче Атанасова Точи on November 27, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА дознава дека Народниот правобранител има сознанија дека нешто „шкрипи“ во Законот за лекови во делот на паралелниот увоз, поради што побарале од Владата да се подигне нивото на безбедност на граѓаните и итно да се донесат измените на Законот за лекови

Народниот правобранител денеска упатил писмо до Владата со кое бара да се зајакне системот на безбедност на граѓаните и што побргу да се смени Законот за лекови во делот на паралелниот увоз, дознава НОВА од свои извори.

Откако НОВА го објави истражувањето за паралелниот увоз на лекови каде се отвори сомнеж дека 40 проценти од лековите што доаѓаат на ваков начин се фалсификат, Народниот правобранител веднаш започна истрага. На барање на Народниот правобранител, Министерството за здравство побарало од сите болници во државата да достават итна информација за набавка на лекови во 2016 и 2017 по основ на паралелен увоз, но и интервентен увоз. Од документот до кој дојде НОВА, се гледа дека болниците побарале од веледрогериите да им достават список на лекови кои им ги имаат испорачано, за која цена и за колкава количина се работи. Овие информации требало да бидат доставени до 10 овој месец.

Неофицијално, истрагата што ја потегна Народниот парвобранител уште трае, податоците се обработуваат  бидејќи се работи за комплицирана и опсежна анализа.

НОВА од свои извори дознава дека Народниот правобранител има сознанија дека нешто „шкрипи“ во Законот за лекови поради што денеска побарале од Владата да се подигне нивото на безбедност на граѓаните и итно да се донесат измените на Законот за лекови.

Народниот правобранител, очигледно од сите институции во државата најсериозно се зафати за проблемот со паралелниот увоз кој овозможува легално во државата да влегуваат сомнителни или фалсификувани лекови  од Турција.

Фондот за здравство се уште не се изјаснил дали и што превземал за овој сериозен проблем, дали била направена анализа  за паралелниот увоз на лекови, кои и колку лекови се внесени во државата, колку се уништени, дали реално на ваков начин била намалена цената на лекови, има ли бенефит државата од тоа.

НОВА во изминатите три месеци во континуитет објавува дека во државата преку паралелен увоз на лекови во последните пет години влегуваат сомнителни лекови за кои не се знае како се транспортирани и чувани, немаат сертификат директно од производителите, туку се внесуваат од трети земји преку разни канали и веледрогерии.

Пред две недели и Народниот правобранител се заинтересира за случајот со паралелниот увоз со лекови за кој пишуваше НОВА и од таму потврдија дека се обратиле до Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) при што побарале информации за потеклото на овие лекови, од каде доаѓаат, како влегуваат, како се транспортираат и чуваат.

Сомнеж дека 40 проценти од лековите кои влегуваат преку паралелен увоз првично изразија од  Фармабренд Нова, асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови.

Таму потврдија дека имаат сознанија за  повеќе случаи каде што биле пријавени нерегуларности кај лекови од паралелниот увоз  забележани од пациенти, лекари и аптеки, но претходното раководство во Агенцијата за лекови не превземало никакви мерки за заштита на пациентите.

НОВА веќе објави дека се откриени случаи кога во пакување од еден лек има сосема друг лек со поинаков начин на дејство што го доведува во опасност животот на пациентот доколку не ја забележи грешката.

Имало случаи каде амбалажата на лековите била комплетно  изгужвана и искината, а при проверка на лекот преку фармацевти  од Турција било утврдено дека лековите се поврзани со имиња на турски пациенти и дека веќе биле наплатени  во Фондот за здравство во Турција.

Шокантно е дека пред две години на тендер од Министерството за здравство,  добил лек од паралелниот увоз произведен во Турција кој е забранет за употреба во многу земји во светот поради 40 евидентирани смртни слуачи. Лекот се користи за лекување на неколку видови на рак и бил наменет за болните од Клиниката за онкологија.

Паралелниот увоз на лекови го воведе претходната Влада во 2012 година со образложение дека на ваков начин ќе ја намали цената на лековите. Но, наместо од земји од ЕУ каде што има строги закони и критериуми за паралелен увоз, евтините лекови во Македонија најчесто се увезуваат од Турција или Русија.

Експертската јавност сега бара измени на законот за лекови во делот на паралелниот увоз со лекови со што ќе се гарантира сигурноста на лековите и безбедноста на граѓаните.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.