Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пред средбата во Нови Сад: Не ни треба „мал шенген“, туку реформи за влез во ЕУ

0
By Нова ТВ on October 8, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре и задутре во Нови Сад ќе се одржи средба на српскиот претседател Александар Вучиќ со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама. Средбата што српските политичари ја најавуваат како „Мал Шенген“ ќе биде посветена на отстранување на бариерите за слободен проток на стоки и услуги меѓу трите земји.

Идејата за вакво поврзување на регионот наиде на различни ставови кај превозниците и кај стопанствениците.

-Иницијативата е за поздравување затоа што на овој начин се отвора голем пазар за пласман на стоки и услуги во трите држави подеднакво, со целосно укинување на сите нестандардни мерки кои важат за најголем кочничар во растот и развојот на државите, од една страна, а од друга страна ќе се овозможи взаемно да се настапува на другите европски пазари, вели Билјана Муратовска, претседател на „Макамтранс“.

Според неа, за да се реализира замислата за воспоставување „економски слободи“  и да се отвори поголем пазар од оној којшто сите поединечно го имаме неминовно е целосно анулирање на граничните и административни бариери за поголеми заемни инвестиции и проширување на производните капацитети со што би имале поголема конкурентност на големиот европски пазар и пошироко.

Многу документи, малку ленти за товарните превозници

Муратовска укажува дека за да се забрза протокот на стока, потребно е прво да се укинат сите меѓународни транспортни дозволи меѓу државите за превоз на стока, односно билатералните, транзитните и дозволите за и од трета земја.

– Да се воспостави слободен проток на граничните премини со воспоставување една контрола и тоа кога се влегува во одредена држава контролата да биде од страна на државните органи на таа држава, а не паралелно на двете држави. Да се воспостават на граничните премини минимум две ленти за товарни возила како би се избегнувало создавање на долги колони и чекање од по 10 до 24 часа за да се премине граничната линија. Да се воспостави взаемно признавање на документи кои ја пратат стоката  за фито и ветеринарни прегледи (сертификати), кантарски белешки и други документи од аспект на квалитетот на стоката, наведува Муратовска.

Треба да се почитуваат и препораките на Светска царинска организација за  воспоставување приоритетни ленти за жива стока, стока во свежа состојба, опасна стока ( АДР)  и стока којашто се превезува согласно со единствениот транзитен систем со Т1 и Т2 документи. Станува збор за документи коишто се финансиска гаранција дека секоја држава приемник на испорачаната стока ќе ги наплати фискалните давачки за таа стока, како царина, данок и сл. За издавање на вакви документи во државата, потребно е да се изврши и корекција на банкарските прописи и услугите на банките да се пресметуваат во промил, а не во процент, како што е случајот сега. Со тоа шпедитерите и имателите на поедноставни постапки ќе обезбедуваат поголеми банкарски гаранции и Т1 и Т2 документот ќе се вади во местото на утовар, а не на граничните премини или во Србија каде надоместот за таа услуга е многу помал, а со тоа ќе се намалат и застоите на граничните линии.

Билјана Муратовска Макамтранс

– Се работи за т.н. виртуелни пари кои се обезбедуваат во вид на гаранција, а корисникот плаќа исто како да зел кредит, односно услугата е пресметана на месечно ниво во процент. Гаранцијата може да се активира само во случај стоката да не се предаде на корисникот на местото на истовар, што многу ретко се случува и за такви случаи постојат оправдани причини кои се докажуваат со соодветни документи, појаснува Муратовска.

Не ни треба „дива градба“ туку ЕУ

За разлика од превозниците, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска вели дека во време кога сме условно пред вратите на НАТО и со можности за отпочнување преговори со Европската Унија, чудна е идејата да влеземе во економска дива градба „мал шенген” со Србија која има различни определби од македонските во надворешната политика, особено во пристапување кон Северноатланската алијанса, додека македонските ЕУ и НАТО определби, се повеќе од јасни.

-Како да не ни беше доволно тоа што сме сегрегирани во гетото Западен Балкан, сега во уште помал формат ќе се изолираме во „мал шенген“, со некаква илузија дека така економски ќе процветаме. По ретрограден став од овој одамна не е понуден, мал шенген за Србија, Македонија и Албанија е идеја која треба да згасне уште пред да се роди. Зошто би правеле вакви микро економски сојузи кога целта треба да ни е да ги спроведеме структурните економски реформи потребни да станеме дел од единствениот економски пазар на Европската Унија, а не вечно да чекаме пред вратите на ЕУ како диво месо отцепено од интеграциите со утеха на тоа дека сме дел од некаков „мал шенген”. Не, благодариме, вели Арсовска.

Според неа, под изговор дека економското здружување е важно и дека ова е чист економски интерес за нашите земји да ги отстранат царинските и трговските бариери, се заговара нова изолација во микро регион каде Белград ќе ги води Скопје и Тирана во економски поход.

Данела Арсовска (ССК)

-За Србија имаме одлична геостратешка позиција и важно е Србија да има пристап до Грција и албанските пристаништа. Но што ќе има Македонија од овој концепт, освен пристап до затворен систем од три држави кои наместо да се интегрираат во ЕУ, ќе бидат убедувани дека одлично е и ова решение. Кога на исток и југ граничиме со земји на ЕУ логично би било приоритет да ни е зголемување на таа соработка и интеграција кон единствениот економски пазар на ЕУ, потенцира Арсовска.

Ветувања за заеднички гранични контроли 

Од  „Макамтранс“, асоција којашто е репрезентативна во оваа дејност во државава и обединува 1.500 превозници, неодамна апелираа да се надминат проблемите од српска страна за целосно функционирање на заедичката гранична контрола со Србија на преминот Прешево-Табановце, што официјално стартуваше на крајот на август.

Според најавите, наскоро претставници на царините од двете држави на средба во Белград ќе понудат решение со коешто би го забрзале протокот на стока на Табановце -Прешево, којшто е еден од наголемите и најфреквентни премини.

Статистичките податоци покажуваат дека 57 проценти од размената на земјава во Западен Балкан отпаѓа на Србија. Минатата година трговската размена меѓу двете земји била 889 милиони долари и забележала раст од 11 отсто. Извозот бил 277 милиони со исто така 11 проценти раст, а увозот 611,8 милиони долари што е зголемување од 10,5 отсто. Во првите шест месеци годинава, пак, размената е 600 милиони долари.

Според најавите, до крајот на годинава треба да се воспостави заедничка гранична контрола и со Албанија на граничниот премин Ќафасан. Трговската размена со Албанија лани изнесуваше 166 милиони долари и за една година бележи раст од 15 проценти. И тамошните бизнисмени и експерти редовно порачуваат дека соработката може да биде многу поголема со конкретни барања за олеснување на царинските процедури, воспоставување заеднички технички стандарди на граничните премини и терминали и преземање иницијативи за зголемување на извозот и размената на добра. Истовремено како проблем се потенцира и состојбата на патната инфраструктура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.