Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предавството на интелектуалците

0
By Нова ТВ on February 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор при Универзитетот на Југо-Источна Европа

Првата работа на која се сетив откако го прочитав писмото потпишано од 200 интелектуалци во кое тие бараат прекин на преговорите со Грција во врска со спорот за името, беше книгата “Предавството на интелектуалците” на Жилиен Бенда.

Самиот наслов на книгата напишана во далечната 1926 година е толку компатибилен со реалноста во која живееме, во која добар дел од интелектуалците (за среќа, не сите), наместо да бидат идејни водачи на процесите кои треба да ја носат земјата напред и да ја интегрираат во евроатлантските структури, одлучија да претставуваат конзервативна и реакционерна структура која наместо кон иднината е свртена кон минатото.

Да се биде интелектуалец значи да се биде авангарден, да се гледа подалеку од тоа што може да се види. Интелектуалците треба да го видат тоа што другите не можат да го видат во блиската или во далечната иднина. Да се биде интелектуалец значи да се гледа кон процесите со далекувидост и разумно да се следат светските трендови. Да се однесуваш како ној кој ја закопува својата глава во песок за да избегне соочување со реалните проблеми кои го опкружуваат, не е карактеристика на интелектуалец, туку е некреативен и кусоглед начин на бегање од реалноста.

Како може на друг начин да се опише апсурдот што овие 200 лица претендираат дека проблемот со името е решлив со еден многу едноставен чекор: да се прати писмо до ООН и да се побара жестока реакција за ова историска неправда која и се случува на Македонија?! Толку лесно било! Како никој не се сети на ова досега?! Како не се сетија сите тие лица кои во текот на 27 минати години се потрудија да го решат овој проблем дека всушност решението им било пред нос цело време?! Како не го видоа?! А овој медијаторот кој остаре а не успеа да помогне во решавањето на спорот, како тој не успеа да види колку тоа всушност е лесно и изводливо?!

Епа навистина, кога 200 лица кои се потпишуваат како интелектуалци и имаат богати кариери зад себе ќе шират такви тези, било кој просечно разумен човек не може а да не се чувствува предаден, како во книгата на Бенда. Предаден и навреден од навредлив третман што прочуените интелектуалци се трудат да му го направат со тоа што го уверуваат дека евидентниот и енормен проблем кој претставува опасност по неговиот живот а од кој не може да се растерети речиси три декади, всушност не постои.

За жалење е што овие интелектуалци овој историски момент, како што тие сами го нарекуваат, не успеаја да го користат за да помогнат во градењето на еден конструктивен наратив во широката јавност околу еден спор кој е клучен за иднината на земјата. Наместо тоа, тие одлучија да придонесат во понатамошното градење на деструктивен страв, измамувајќи ја јавноста дека решението е многу лесно кога и самите знаат дека не е така. И како тоа да не е доволно, освен што ја измамуваат широката јавност дека решението било тука, пред нас, цело време, туку у ги прогласуваат за предавници сите тие што одлучија да не го потпишат тоа апсурдно писмо бидејќи не се согласуваат со изнесените ставови во истото.

Со самиот факт што ниту еден интелектуалец Албанец не е потписник на писмото, овие 200 интелектуалци уште еднаш ја истакнуваат перцепцијата дека Албанците во оваа земја се дежурни предавници на државата, предавници кои инсистираат дека земјата треба да се интегрира во НАТО и ЕУ бидејќи тоа е единствената перспектива за истата.

Да живееше Бенда во ова време сигурна сум дека би напишал неколку продолженија на неговата позната книга, со кои дополнително би ги разјаснил овие дилеми околу прашањето кои, всушност, се вистинските предавници во целава работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.