Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предизборен молк во Бугарија – 6.708.189 граѓани со право на глас на парламентарните и претседателските избори

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централната изборна комисија на Бугарија објави дека право на глас имаат 6.708.189 граѓани. Бугарските граѓани може да гласаат во 11.643 избирачки места во Бугарија, а оние кои се во странство може да го остварат правото на глас на 751 избирачко место во 68 држави низ светот.

Откако ниту една партија не обезбеди стабилно мнозинство во бугарскиот парламент, Бугарија в недела оди на трети избори во последниве 7 месеци. По неуспешниот обид на „Има таков народ“, ГЕРБ и БСП за формирање влада, мандатот беше вратен кај претседателот Румен Радев, кој пак, ќе се трка за уште еден претседателски мандат.

Анкетите покажуваат дека седум партии би можеле да го поминат прагот од 4 отсто за да влезат во Парламентот. Освен ГЕРБ, место се очекува за движењето „Продолжуваме со промена“, Социјалистичката партија и „Има таков народ“ на Слави Трифонов.

Освен парламентарните избори, во истиот ден се одржуваат и претседателските. Предизборниот молк почна денеска и ќе трае до завршување на гласањето в недела.

Самостојно мнозинство не се очекува да освои ниту една партија, па Бугарија најверојатно повторно ја очекуваат тешки коалициони преговори во националното Собрание.

Во изборните анкети води Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. ГЕРБ има поддршка од околу 24 % од гласачите, но поради сомневањата за коруптивно работење на Борисов и неговите најблиски соработници на оваа партија и недостасуваат сојузници.

Бугарите утре гласаат и за претседател на државата. Во трка се актуелниот шеф на државата, Румен Радев, кој го бара вториот петгодишен мандат. Предвидувањата се дека Радев и ќе ја добие довербата од гласачите, но по вториот круг од гласањето, против ректорот на универзитетот во Софија, поддржан од ГЕРБ, Анастас Герџиков.

Централната изборна комисија на Бугарија објави дека право на глас имаат 6.708.189 граѓани. Бугарските граѓани може да гласаат во 11.643 избирачки места во Бугарија, а оние кои се во странство може да го остварат правото на глас на 751 избирачко место во 68 држави низ светот.

Државите со најмногу бугарски државјани се Турција, кадешто има 58 избирачки места, и Велика Британија со 86 избирачки места.

Бојко Борисов Бугарија Предизборен молк Румен Радев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.