Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предмет„Тврдина“: Незаконско уништување на опрема за прислушување

9
By Биљана Секуловска on March 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска во март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите, соопшти денеска обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристовска.

Со ваквото делување, Ристовска вели дека според досегашните проценки државниот буџет е оштетен за околу 10 милиони евра, а освен нив, во процесот на ништење и прикривање на начинот на уништување на опремата учествувал и началник на една од единиците во Управата и уште едно лице, вработено во МВР како документарист.

Тие се товарат за злоупотреба на положбата и фалсификување на исправи, бидејќи освен ништењето на опремата, целокупната документација за процесот била заведена, како да се случила во 2014, а не во март 2015.

За првиот осомничен – началникот Горан Груевски, побарана е мерка притвор поради опасност од бегство и уништување на трагите за кривичното дело. Од СЈо вчера побараа судот да дозволи претрес во неговиот дом, но судот одби со образложение дека СЈО има лимитирана надлежност.

Груевски најавил дека денеска ќе се појави пред судија на претходна постапка, а за останатите осомничени побарано е само да се изрече забрана за напуштање на земјата и да им биде одземена патната исправа, со обврска редовно да се јавуваат во судот.

Началниците сокриле дека ќе се уништуваат два система за прислушување

Од Специјалното јавно обвинителство тврдат дека првоосомничениот началник Горан Груевски, издал усна наредба до други раководители со цел да прикаже дека постои „наводна потреба“ за ништење и бришење од евиденцијата опрема поради техничка застареност. Целта според нив била да прикрие други лица дека неовластено прислушувале

Тој до второосомничениот доставил предлог да се формира Комисија за попис, ништење и бришење од евидениција и од листата на опремата. Истовремено, според СЈО, тој незаконски предложил членови за Комисија за попис на опремата.

По наредба вториот началник доставил Предлог за формирање на Комисија за попис до секторот за правни работи. Иако секторот укажал на недоследности, сепак вториот началник не дал појаснување, со цел да скрие дека ќе се уништуваат и два система за следење на комуникациите. Иако не добиле појаснување, од Секторот го изготвиле решението по напатствијата дадени од министерката Јанкулоска.

„Кон крајот на март минатата година, министерот за внатрешни без да ги земе предвид законите за постапување со класифицирани информации, без барање на сите организации во УБК, формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање. Јанкулоска не зела в предвид ниту дали избраните членовите на Комисијата се поставени согласно закон.“ посочи обвинителката Ристовска.

Веднаш потоа формираната Комисија ја попишала опремата. Се работи за системи од кои едниот бил исклучен уште во 2008, додека останатиот се уште работел. Лицата задолжени за ракување со системот за следење на комуникации го исклучиле системот за следење на комуникации кој тогаш бил во употреба.

Системите за прислушување биле двојно пресирани на двe различни локации

Со логистичка поддршка за спроведување на целата акција од четвртоосомничениот началник, двата система и опремата биле натоварени во возила на МВР и биле однесени на отпад за старо железо, каде биле уништени во присуство на тројцата осомничени началници и членовите на Комисијата и бил направен записник.

Овој началник според СЈО, прво дал налог на едно лице да изврши фото и видео документирање на настанот, а подоцна лично го уништил целиот материјал за постапката со цел прикривање на трагите.

Акцијата продолжиле во текот на целата 2015 година, а се одвивале и до средината на март годинава.

Според СЈО, осомничените презеле повеќе дејствија за фалсификување на службени исправи – кривично дело во кое учествувала и петоосомничената – во својство на службено лице – технички документарист.

Со налог на началникот Груевски, техничкиот документарист со умисла била поттикната,да внесе лажни податоци во деловодната книга, па така, во Известувањето за потребата од ништење на опремата е завршено дека тоа е изготвено во 2014, иако дописите се изготвени од 2015 до 2016 година.

Груевски испратил и допис со намера да се образложи наводната потреба од уништување на опремата, а иако овој допис би изготвен во периодот од 2015 до 2016 година, петтосомничената го завела споменатиот допис на крајот на деловодната книга за 2014 година, внесувајќи невистинити податоци за датумот на дописот и архивскиот број.

Подоцна е испратен уште еден допис со цел да се прикаже дека уништувањето на опремата е случено порано. Четвртоосомничениот во својство на началник ги употребил сите лажни дописи како вистините и ги презентирал на состанокот во УБК со претставници од Обвинителството.

Според СЈО, казнивоста за кривичното дело злоупотреба на положба и овластувања и нивно пречекорување се движат од 5 до 20 години, а оттаму велат дека тие истрагата ја темелат врз основа на бројни материјални и вербални докази. Дополнително ќе се истражува дали во случајот инволвирани се и други службени лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.