Пишува Вукашин Обрадовиќ, Јужне вести, Србија
Новинарката и блогерка Каруана Галиција настрада на 16 октомври минатата година, во експлозија на бомба која беше поставена под нејзиниот автомобил, во близина на нејзиниот дом во Малта. Нејзиниот син Метју, кој и самиот е новинар и добитник на Пулицерова награда, на конференцијата „Слободни европски медиуми“, одржана пред неколку дена во Гдањск, анализирајќи ја медиумската ситуација во Европа ја изговори реченицата која ги вознемири духовите: „Случајот Србија мислам дека е најекстремен затоа што тоа е земја во Европа во која е најверојатно следното убиство на новинар“.
Метју Каруана Галисја рече на конференцијата дека со внимание набљудува што се случува на медиумската сцена во Србија и нагласи дека „постојат земји каде што медиумските системи се целосно урнати, како во Кипар, и земји каде тие системи се во процесот на пропаѓање, како во Унгарија, Полска и Србија, оценувајќи дека ситуацијата во Србија е „најекстремна“.
– Сите знаци се тука – агресија на политичарите, кампани за оцрнување и закани. Тоа е како совршена бура која претстои пред убиство –
Реакциите на ова застрашувачко предупредување имаше малку.
Се издвојува објаснувањето на претседателот на Србија кој, овој пат покажувајќи непристојно непочитување пред се кон семејството Галисја, и радикална бруталност, на која полека се навикнуваме, и покрај неговите се полоши напредни-проевропски залажувања, по обичај, ја исполитизира изјавата на Метју и ја смести во предизборен контекст.
Пред тој хипокритички да ги покани сите државни органи да “обезбедат нормални услови за новинарите”, тој рече неколку реченици кои само може да претставуваат дополнителен аргумент за злобната прогноза од Гдањск:
– А тоа што ми велите дека го рекол некој од странците, тоа веројатно најдобро зборува за нив, што би се мешал јас во тоа? Тоа значи дека – или нешто знаете, или е нешто друго што не би коментирал – рече меѓу останатото Вучиќ.
Сега можеби по некоја новинарска логика и правила на професијата би требало да разгледаме дали Метју Каруан Галисја, соочен со семејната трагедија, можеби претера во отсликувањро на медиумската сцена во Србија.
Или, да го анализираме Вучиќ, кој знае по кој пат, теорија на заговор според која таму некои странци, во соучесништво со домашни елементи, работат против него, односно против Србија.
Се чини дека сепак поважно е да се обидеме да одговориме зошто оваа реченица за Србија како држава во која ќе се случи следното убиство на новинар, ја изговори Метју, а не некој од нас, новинарите од Србија.
Постојат неколку можни одговори.
Најпрво, Вучиќ. Во прашање е, значи, „нешто друго“. Што, ни останува да погодуваме, но ако кажува претседателот на Србија, значи дека тој знае нешто што е тајна за нас обичните смртници.
Можеби новинарот од Малта претера, таа негова хипотеза едноставно нема основа, дури и кога набројува аргументи во прилог на својата теза: агресија на политичарите, кампања за оцрнување и закани. Тешко е да се оспорат тврдењата на Метју, но добро, ајде да ги релативизираме, макар за момент.
Последен убиен новинар е Милан Пантиќ, уште во 2001 година, а единствена новинарка на која и се нанесени тешки повреди е Гордана Узелац од ТВ Пинк. Барем така тврди Вучиќ, мислам што се однесува до госпоѓица Узелац.
Покрај се, да не ја шириме и понатаму, самиот претседател не зеде во заштита. Малку ли е, односно ако не го сметаме Бата Гашиќ, појака гаранција нема, така ли е?
Од друга страна, базата на напади на новинари НУНС пред се, секојдневни случувања, баш онака како што ги наслика Метју, сериозно ја доведуваат во прашање официјалната оценка за безбедноста на новинарите во Србија.
Колешки и колеги, меѓу кои се вбројувам и себе, да бидам искрен, тука и таму, пред се, на социјалните мрежи, во главно срамежливо, претежно со еуфемистички изрази, се предупредува дека безбедноста на новинарите е загрозена со задолжителен апел до државните органи што побрзо да пронајдат бла, бла, бла…
Зошто никој од новинарите во Србија, тогаш, не ја изговори децидно на некој собир, тркалезна маса, било каде, реченицата со предупредување која се слушна во Гдањск?
Молчењето на српските новинари е јасен одговор.
Бидејќи како што рече Метју Каруана Галисја, невремето е тука.
“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

