Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предвремени избори за одржување на режимот

0
By Zoran Ivanov on May 6, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2026 10:41

Режимот брза пред пукнатините да станат бездна

Џабир Дерала

Во услови на политички ќорсокак, закочени ЕУ интеграции, партизирани институции, ослабени медиуми, контролирани правосудство и растечка сиромаштија, премиерот Христијан Мицкоски, навидум патем, повторно ја отвори темата за избори. Дали навистина се подготвува за предвремени парламентарни избори или само ја тестира јавноста и политичките актери, засега не е сосема јасно. Но симптомите се тука.

Земјата е заглавена во политички, општествен и економски ќорсокак. Без разлика колку власта ќе се обидува да ја префрли вината на претходниците, меѓународните околности или „предавниците“, факт е дека Северна Македонија влегува во сѐ подлабока изолација, сиромаштија и институционална ерозија.

Кога министерот за правда, Игор Филков, ја формираше работната група за измени на Изборниот законик, тоа само по себе не мораше да значи дека власта се подготвува за избори. Но моментот кога – наспроти долгогодишната пракса – стана очигледно дека тој процес е затворен за релевантни граѓански организации и експертски структури, стана јасно дека не се бара демократски консензус, туку контролирање на процесот.

Едностраното укинување на преодната „пржинската“ влада открива многу повеќе отколку што власта сака да признае. Механизмот беше создаден како минимум заштита од изборни злоупотреби по долгата ера на заробени институции. Неговото укинување не е знак на демократска зрелост, туку порака дека власта повеќе не прифаќа ни формална контрола врз изборниот процес. А тајмингот тешко може да се смета за случаен.

Засилената антибугарска реторика одамна не е само спор со Софија. Таа е недекларирана, но сѐ поочигледна анти-ЕУ политика. Истовремено, континуираниот притисок врз албанскиот политички фактор, проследен со институционално поткопување на веќе стекнатите права, дополнително ја продлабочува кризата. На тоа се надоврзуваат популистичка реторика, симулација на реформи и евтини политички спектакли што треба да создадат впечаток на дејствување, додека државата стагнира.

Во регионот и Европа се случуваат сериозни политички поместувања. Виктор Орбан падна во Унгарија по историскиот пораз од Петер Маѓар. Но прорускиот играч Румен Радев однесе убедлива победа во изборниот процес, осми по ред за пет години, со изгледи за стабилна влада, но неизвесни позиции во однос на политиките на Брисел. Така што, во поглед на единството на ЕУ имаме нерешен резултат во регионот со нестабилен и противречен европски пејзаж во кој битката за единство на ЕУ далеку од тоа дека е завршена. Сепак, интересен пресврт гледаме во Словачка, каде што премиерот Роберт Фицо направи драматичен пресврт и сега зборува за поддршка на Украина и европско единство.

Пукнатините во режимот на Мицкоски веќе не можат да се прикријат. Сиромаштијата, изолацијата и растечкото незадоволство полека ја нагризуваат сликата на монолитна и непобедлива власт.

На домашен план, СДСМ станува сѐ погласен, а во албанскиот политички блок не заостанува ни опозициската ДУИ. Иако анкетите (ако воопшто некој им верува) сѐ уште му даваат значителна предност на Мицкоски и неговата влада, политичкото расположение може брзо да се промени. Сиромаштијата, ароганцијата на власта и чувството на безизлезност имаат свој политички рок на траење.

Токму затоа не е невозможно Мицкоски и неговата клика да брзаат кон предвремени избори, додека бројките сѐ уште можат да се претворат во нов мандат. Целта би била јасна – да се капитализира сегашната предност и да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат, дури и со помало, но доволно парламентарно мнозинство за формирање влада.

А шансите за успех на еден таков план не се мали. Во услови на козметички измени во Изборниот законик, длабока корупција, елитен криминал, поддршка од олигархијата и авторитарните центри на моќ, силна партиска контрола врз институциите, медиумите, правосудството, парламентот и локалната власт – Мицкоски е во голема предност. Во такви услови, изборите не се демократски натпревар, туку политички менаџиран процес со однапред создадена структурна предност за власта.

Кога власта ги контролира институциите, правилата и наративот, изборите стануваат операција за одржување на режимот. И ништо повеќе.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.