Прегазеното девојче во кое вечерва удри автомобил во близина на Католичката црква пренесено е на Ургентен центар со скршеници, кои не се животно загрозувачки, потврдија за НОВА во Ургентниот центар.
По ударот девојчето се здобило со скршеница на потколеницата и повреди на неколку пршлени на ‘рбетниот столб. Таа ќе биде примена на Клиниката на трауматологија и бидејќи има отворена скршеница на ногата најверојатно ќе биде подложена на оперативен зафат.
Несреќата се случила вечерва во 19:10 часот а возачот на автомобилот со марка Фиат Уно според неофицијални информации најверојатно не успеал да го види пешакот поради лошите временски услови.
Во моментов полицијата врши увид на местото на несреќата.