Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прегласната смрт на Коста Крпач

0
By Биљана Секуловска on April 30, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Со смртта на Коста Крпач, сведок во еден од случаите на СЈО, полека започнува да се затвора старото поглавје во државата чие име мафија одамна не е средно, туку единственото валидно, да биде запишано во регистарот на ОН.

Разгледајте ја само површно оваа ситуација: смртта на Крпач на клучните актери им отвора можност задишано да се разбегаат и да здивнат после истрелите на пиштолот. Тоа тие така мислат, само тие така тоа го замислиле. Стапицата во која влегуваат откако се истоварија бомбите на Заев, таа стапица повторно сами си ја поставија.

Во случајот Смрт на Крпач, нивното разбегување е моментално, се работи за делови од секунда, тие се затрчуваат и се пресретнуваат, се удираат и се сопнуваат и во таа брканица на глави, тела и нозе , рацете ги оддаваат. Фројдовски им се фиксираат на темето, подготвени за лисици- побогу, за вакво ли бегство се боревме?

Мора да се биде навистина очаен, по малку и со сомнителен коефициент на интелигенција, за да се работи интензивно на нечија смрт, кој е инаку главен сведок на едно Специјално обвинителство, формирано токму заради очајните и полу-интелигентните.

Не, јас не велам во ниту во еден момент дека Крпач е застрелан од туѓа, друга рака. Полицијата ќе ги констатира причините за неговата смрт и тогаш ќе се извлекуваат заклучоци.

Ха, ха, велите вие. Сега вие мене ми се потсмевате, јас, која говорам за проблематична интелигенција на оние погоре, а имам сличен проблем со неа. Ми се развикувате: Која полиција побогу? Онаа на Чавков или на Спасовски? Но, добро. Да одиме по ред.

Можеме веднаш да се договориме- доколку станува збор за самоубиство, секоја набрзина напишана анализа би констатирала без многу размислување: ако СЈО вели дека Крпач бил предмет на притисоци, испрекинатата линија на непознати се пополнува со леснотија. Дискутабилно е да се нарекува самоубиство оној чин на човек чиј живот се состоел од страв, бегство, агонија на оние кои го следеле и притискале, а притоа бил сведок за дела кои се истражуваат (криминални, можеби и други). Како би се нарекло ова самоубиство, освен присилување, терање сведокот да заврши конечно со ужасот?

Не е ли тоа делче од онаа испрекината линија на непознати, каде  се исфрла класичното, ладнокрвно убиство, но тенката линија во која се испреплетени убиството и самоубиството го сопнува оној кој притискал, заплашувал, уценувал?

Но, да не бидеме слепо самоуверени, ниту пак наивни. Смртта на Крпач има и симболичко значење- на неколку нивоа. Ако сте нетрпеливи и би ги прескокнале филозофските, моралните дилеми кои ги имал овој релативно млад човек (иако се многу, многу значајни), веднаш да прејдеме кон суровите денови кои ни претстојат, откако ни е испорачана сцената со коњот во Кум.

Пораката е пратена- куршумот е само мала, нежно свиткана коверта, како што само врат може да се цвикне и да не крцне ниту едно ковче.

Ова е лекција, опомена која треба да ја научат сите оние кои – внимавајте, не што ќе помислат да се распрашаат каде е вратата на Катица Јанева, на СЈО, туку што воопшто би им затропало срцето при спомнување на нивниот бизнис, нивниот Кум, нивната идна смрт.

Видете, секој  поштен мафијаш носи стетоскоп во едната рака, во другата револвер Смит и Весон. И со едната справа и со другата алатка тој раководи со фамилијата. Нему не му се само фамилија децата, сопругата, родителите. Кога се живее и се умира, тогаш тоа е живот и смрт во полна снага.

Но, исполнет е тој живот со сите што се негови, тоа е таа прекрасна, благословена фамилија од стотици, бројката оди, па да импровизираме и до илјадници луѓе. Тие, тие се се што може да биде една фамилија.

Тие се оние кои му бацувале раце и неретко и нозе, истите оние раце кои ги шамарале, им гаселе пикавци по телото, ги гушкале и ги тупкале по рамо кога морало да бидат утешени. Тоа се оние нозе кои ги шутирале, ги оставале без слезинки и им сакателе ребра, како поинаку би се стровалиле директно во провалија?

Стетоскопот е неоходна алатка за сите ситуации со фамилијата: и кога ги сакаат и кога ги мразат и кога се плашат од нив и кога сакаат да умрат тука, веднаш, пред нивните нозе да клечат исто онака како што тоа го сториле вториот пат кога се сретнале. И тоа траело до последниот ден.

За Смит и Весон знаете како тоа оди и кога стапува на сила. Но, тогаш кога ќе биде употребен, Кумот сам си пресудува каква иднина допрва го чека. Затоа што прегласна е смртта за да не биде забележана. За миг, незабележлив миг смртта станува се прегласна, таа ечи насекаде, за сите да знаат и да имаат на ум- тогаш кога ќе отворат уста и ќе посакаат да кажат нешто за Фамилијата, ќе завршат засекогаш. Така гласи законот на мафијата.

Но, тогаш кога мафијата пресудува и нечија смрт трешти и го пара воздухот, ќе дојде ден кога законот на мафијата повеќе не може да ја издржи сопствената утроба. Мора да се изблуе се одвнатре, да се исчисти и потсреди, вистина е дека некогаш се замачкува и останува сето ѓубре, длабоко навлезено во порите на сите нас. Но, некогаш се раѓа нешто подобро, посветло, важно. Дури тогаш се отвора вратата на еден друг закон- законот на правдата. Добредојдовте во нашиот свет, госпоѓо Јанева.

 

Евтини приказни Катица Јанева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.