Синот на Катица Јанева: Мајка ми има многу информации и еден ден ќе ги каже, иако трпеше притисоци од сите

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев откри детали од процесот во случајот „Рекет“ во кој беше осудена Јанева. Во интервју за „А1он“...

Јанева на пат кон Идризово

Судија за извршување санкции од Основниот суд во Гевгелија денеска издал упатен акт за Катица Јанева, екс-специјалната јавна обвинителка, за издржување казна затвор во траење од...

Русковска побара притвор за Јанева, Судот ја одби, Јовановски останува во Шутка

Обвинителката Вилма Русковска, по изрекување на пресудите во случајот „Рекет“, побара укинување на мерката куќен притвор за поранешната шефица на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО), Катица Јанева...

Пресуди за „Рекет“: Девет години затвор за Јовановски, седум за Јанева

Казната за Јовановски, кој беше спроведен од притвор во затворот Шутка, е за делото „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“, додека, пак, Јанева, која поради здравствени и семејни причини, остана дома е осудена за делото „злоупотреба на службената положба и овластувања“

Јанева: Нема ни „о“ од обвинение против мене, нема ниту еден доказ, го нема и СЈО

Поранешната шефица на Специјалното Јавно обвинителство со завршни зборови за случајот „Рекет“. Истакна дека црвени телефони не и требаат, образот и е чист и се срами што е дел од предметот. За Орце Камчев рече оти „се покажало дека е „валкан“ играч кој мисли дека се може да купи со пари, но се излажа бидејќи мене не можеше да ме купи“. Пресудата за „Рекет“ е закажана на 18 јуни

Рускоска: Јанева ја избра страната на злото и уште е во филмот „Чарлиеви ангели“

Обвинителката потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон. Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната

Финале во случајот „Рекет“: Денеска рочиште за завршни зборови, па пресуда

Првообвинет е Бојан Јовановски - Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај второобвинетата Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка, за бизнисменот Јордан Камчев, осомничен во предметот „Империја”, да добие поблаги мерки во истражната постапка за што во обвинението се тврди дека земал 1,5 милиони евра. Судењето почна на 3 декември лани и уште на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец го призна делото и доби тригодишна затворска казна