Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори: На маса тешката тема за специјалниот јавен обвинител

0
By Биљана Секуловска on August 27, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работните групи кои работат на спроведувањето на договорот од Пржино, според најавите, денеска на дневен ред повторно ќе го имаат прашањето за специјалниот јавен обвинител, кој треба да биде избран најдоцна до 15 септември.

Питер Ван Хојте кој е олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, по вчерашната петчасовна средба изјави дека бил постигнат сериозен напредок за изборниот законик.

-Морам да кажам дека има сериозен напредок- разговорите изминативе неколку дена беа многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте одбегнувајќи да прецизира во кој дел од дискусијата е направен напредок а во кој има се уште потешкотии да се доближат ставовите на полтичките партии.

-Техничките детали треба да ги разработат техничарите, но за политичкиот договор сме многу блиску до солиден договор за сите проблеми, рече Ван Хојте.

Што се однесува до преговорите за специјален јавен обвинител, меѓу имињата за предлог на опозицијата кои досега неофицијално се споменуваа беа професорите Гордан Калајџиев и Гордана Бужаровска, aнтикорупционерката Слаѓана Тасева, како и екс-јавниот обвинител Стеван Павлевски. Не е исклучено опозицијата да одбере специјален обвинител кој веќе работи во Обвинителството. Иако постоеја информации дека не е исклучено и името на екс-обвинителот и сегашен адвокат Јован Трпеновски, сепак, просторот за маневр беше стеснет, со оглед на фактот што Трпеновски е лустриран и отуука, не може да извршува јавна функција.

Извори за НОВА изјавуваат дека разговорите опозиција- потенцијални кандидати веќе се водат, а едно од барањата на опозицијата е елаборирање на план и методи за работа од страна на кандидатите. Освен тоа, опозицијата имала средби со веќе постоечките обвинители, а некои од нив покажале подготвеност за соработка и кооперативност во однос на идното работење на специјалниот јавен обвинител, кој ќе биде задолжен за истражување на лентите од преслушување и отвореање евентуални истраги доколку се покаже дека постојат докази и оправданост за истражни постапки.

Професорот Гордан Калајџиев во интервју за НОВА во вторникот изјави дека специјалниот јавен обвинител не смее да се раководи според ничии партиски интереси и желби, без оглед дали би станало збор за опозициската СДСМ или владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Калајџиев, анализирајќија постоечката констелација на односи, особено релацијата судство-власт, изјави дека специјалниот јавен обвинител ќе има прилично тешка работа да се справи со потчинетоста и клиентелизмот кој владее во судската фела, кога станува збор за нивната поврзаност кон власта и оттука, функционирањето на обвинтелот ќе биде долг и мачен процес, кој нема да заврши до изборите, ниту пак може да се очекуваат спектакуларен исход токму до изборите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.