Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекин во мрежното поврзување направи хаос на скопските клиники

0
By Менче Атанасова Точи on July 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дефект во мрежното поврзување во компјутерскиот систем направи хаос на повеќе скопски клиники денеска. Поради прекин на мрежната конекција, до 14 часот не функционираше системот за наплата и внесување на податоци на пациентите, што создаде револт кај болните и нервоза кај вработените.

Прекин во мрежното поврзување имало меѓу Клиниката за очни болести, Гастроентерохепатологија, кардиологија, лабораторијата и други клиники. Пред шалтерот на Биохемиската лабораторија на Интерните клиники само што не дојде до тепачка, револтирани и лути пациенти викаа на вработените кои се обидуваа да воведат ред, иако немаше како да го регулираат тоа комјутерски.

Медицинскиот персонал успеа некако да ја смири ситуацијата но, гужвата беше огромна. Луѓе во инвалидски колички, неподвижни, тешко болни чекаа на топлото време да бидат примени, да им се земе крв за анализа.

„Чекам од утринава по жешкото време, два пати ми се слоши, болна сум. Не знам што се случува но, ова е ужасно луѓето се истепаа пред шалтер“ објаснува за НОВА пациентка од Скопје.

Според информациите, различни фирми го вршат одржувањето на компјутерските системи на Клиниките. Наводно до прекин дошло од некој кабел на Клиниката за очни болести.

„ Беше страшно, се блокира се, не можевме да издаваме пресметки да внесуваме податоци. Но, успеваме некако да ги смириме пациентите, на дел од нив ќе им биде наплатено утре кога ќе дојдат по резултатите.Од фирмата што го одржува системот ни објаснија дека се работи за дефект во мрежната конекција меѓу клиниките, не е софтверски и не е поврзано со „Мој термин“, изјави за НОВА, доктор Соња Кузмановска директорка на Клиничка биохемија.

И во Министерството за здравство потврдија дека не се работи за електронскиот систем „Мој термин“, иако често се создаваат проблеми со него, паѓа системот или доаѓа до блокирање. Во таква ситуација ништо не функционира, лекарите не можат да внесуваат податоци, да прегледуваат, шалтерите се блокираат, а пацинетите чекаат безпомошно по болничките ходници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.