Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекинато судењето за упадот во Собрание, ново рочиште на 21 септември

1
By Нова ТВ on September 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кривичниот суд Скопје 1 го прекина судењето на 33 обвинети за упадот во Собранието на 27 април 2017 година поради бидејќи на обвинетиот Мунир Пепиќ му се слоши по што мораше да интервенира и Брза помош.

По разговорот со лекарите од Итната медицинска помош, судијката Добрила Кацарска рече дека расправата  ќе се одложи затоа што Пепиќ треба да оди на интернистички преглед.

Сослушувањето беше прекинато во моментот кога требаше да почне сведочењето третиот сведок, тогаш пратеник сега градоначалник на општина Шуто оризари, Курто Дудуш.

Претходно денеска сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ. Тој на прашање на обвинителката Вилма Русковска рече дека на 27 април бил во галеријата на прес-салата во Собранието. Таму влегол меѓу последните и кога привршувале говорите на Зоран Заев и Талат Џафери видел дека влегуваат луѓе во Парламентот. Рече дека имало жестоки напади кон Заев и оти еден од луѓето кои влегле го погледнал и кон него фрлил топка од ногарка.

– Почувствував дека можеби нема ништо против мене, но имаше енергија на непријателски став и тоа се чувствуваше во воздухот, рече Мухиќ.

Тој посочи дека кога толпата се качила горе во галеријата, ја отворил вратата и на негово изненадување, како што рече, луѓето како да не го приметиле и продолжил да оди до галеријата над салата 4, каде што имало уште неколку пратеници.

– Во сала 4 слушнав гласови… зборуваа дека се работи за команден центар, рече Мухиќ и додаде дека тоа го сфатил кога некој прашал „до каде е работава, другиот рекол Села е готов, а за останатите се уште нема резултати“.

Мухиќ рече дека некој со качулка на глава пришол до нив и им рекол да седат тука и да не мрдаат…, а потоа слушнал друг глас, кој викал идат шиптарите. Еден од нив, како што додаде Мухиќ, му рече на другиот да провери дали е точна информацијата и ако е точно да им даде оружје на нашите.

– После 15 минути слушнав глас како некој кажува дека горе е Ферид Мухиќ и оти тргнуваат да го фатат, додаде Мухиќ.

Рече дека луѓето се качиле во галеријата, вербално го нападнале, но потоа некој ги викнал и сите излегле, а по некое време дошле полицајци кои ги извлекле од галеријата.

– Некој од пратениците Албанци кажа дека имало група Албанци со оружје кои сакале да преминат преку Вардар, но биле спречени од пратениците за да не дојде до поголем конфликт, рече Мухиќ.

Тој посочи дека бил потресен од случувањата и оти бил под впечаток на замав на експлозија на омраза.

– Како филозоф бев збунет до каде може да оди човечката ирационалност, рече Мухиќ и нагласи дека не заборава, но простува.

На следното судско рочиште за настаните во Собранието на 27 април треба да сведочат Курто Дудуш, Душица Мрѓа, Агим Нухиу, Сашо Тасевски, Владимир Трајков…

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.