Словенечката премиерка Аленка Братушек постигнала договор со коалициските партнери да поднесе оставка во понеделник, за да се создадат услови за предвремени избори во јуни , јавува AFP .
-Се договоривме дека за Словенија ќе е најдобро можно поскоро да се одржат предвремени избори, поради што ќе го информираме во понеделник претседателот на парламентот за мојата оставка, изјави Братушек пред новинарите.
Братушек ги повика пратениците да се откажат од правото на следните по број пратенички групи да се обидат да формираат влада. Минатата недела Братушек го предаде Претседателското место во својата партија PS на градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ. Тој е основач на партијата и нејзин претходник.