Во согласност со договорот за мерки за штедење, кој беше потпишан на 20ти мај, денес сите јавни службеници во Словенија ќе добијат помала плата, вклучувајќи ја и премиерката на Словенија, Аленка Братушек.
Платите на државните службеници ќе се намалуваат зависно од рангот на функциите. Некому ќе биде смалена за 50% а на други 4,86, што е и најмалку, пренесуваат словенечките медиуми.
Основната бруто плата на премиерката Братушек ќе се намали за 263 евра односно ќе изнесува 5.156 евра.
Рангирањето нема да биде единствен критериум, односно на граѓаните кои добиваат бонус поради академски титули, овој додаток ќе им се намали за 50%.
Воедно, државата во согласност со договорот за штедење, на сите јавни службеници ќе им плаќа помалку за дополнителното пензиско осигурување, додека надоместакот за боледување ќе се намали на 80 отсто на платите.