НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прентовиќ: Алармантна е состојбата со откупот на пченицата

0
By Нова ТВ on September 30, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјоделците се излажани, а пченицата им лежи во амбарите, изјави на денешната прес-конференција, Татјана Прентовиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Погрешната политика во земјоделството, популистичките и кампањски мерки што ги презеде Владата на Никола Груевски доведоа до тоа откупот на пченица речиси да запре. Состојбата е алармантна. Околу 30% до 40% од вкупниот род на пченица остана во амбарите, а повеќе од половината од откупената остана неисплатена“, оценува Прентовиќ.

Според неа, по укинувањето на мерката за условен увоз од страна на Владата измамени останале и мелничарите и земјоделците. Прентовиќ вели, владата им ветуваше дека мерката ќе важи до 31 декември оваа година, дека цената за откуп на пченицата ќе се движи меѓу 14 и 15 денари и дека Владата ќе откупи околу 8.000 тони пченица за стокови резерви. Во моментов секој правен субјект во Република Македонија може да увезува пченица по цена од 170 евра за тон, а брашно по цена од 230 евра за тон. Со овие ниски цени нашите мелници не можат да бидат конкурентни.

-Како резултат на погрешната аграрна политика на власта, пред две недели мелничарите донесоа одлука сите мелници кои ја немаа платено откупената пченица, да им ја вратат на земјоделците. Затоа сега повторно се зголемија количините на непродадена пченица која стои по амбарите, а нејзината цена е 8 ден/кг, потенцира Прентовиќ.

Таа додаде дека и покрај субвенциите, површините под пченица се намалени, а приносите се непроменети. Погрешните политики на власта во земјоделството не поттикна развој и конкурентност, туку загриженост и несигурност кај земјоделците.

-Затоа во последниве седум години, рече Прентовиќ, имаме 20 000 хектари помали површини под пченица и 60 000 тони помало производство.

Таа ја обвини власта дека ги лаже земјоделците и ја повика да престане со таквата практика.

-Ги направивте аргати на сопствената земја. Дали сте помислиле дека доаѓа време за сеидба на пченицата? Со кои пари земјоделците ќе ги платат трошоците за орање, сеидба и ѓубрење? Срамота е покрај толку високи субвенции да имаме сиромашни земјоделци, потенцираше таа.

Таа ја повика Владата итно да го реши овој проблем на земјоделците со доплаќање на разликата до 15 денари по килограм, или да им ја откупи целата реколта на пченица за стокови резерви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.