Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прентовиќ: Стабилно земјоделство наместо популизам

0
By Нова ТВ on February 27, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Погрешните земјоделски политики на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ резултираат со егзистенцијално загрозени земјоделци и нестабилно и неконкурентно македонско земјоделство. Тоа е последица на брзите одлуки и честите измени на законите што Владата на Груевски ги носи од популистички побуди и моментални потреби, а не врз основа на стабилна стратегија за развој на земјоделството, смета Татјана Прентовиќ, член на ИО.

– Секоја година се губат трајно над 7.500 хектари обработлива површина. Земјоделско земјиште се претвора во градежно! Ова се случува и со плодни површини за изградба на стопански, станбени објекти и инфраструктура!

– Истовремено земјоделското земјиште и се раситнува. Резултат на тоа преголемо раситнување се 700 000 парцели. Просечната големина на парцела е 0,25 хектари а таквите мали парцели имаат повисоки трошоци за производство и даваат поскап производ.

СДСМ во Програмата се фокусира на обезбедување достоинствен живот на земјоделците преку развојна земјоделска политика. Прентовиќ објави некои од тие мерки:

– Пренамената на земјоделското земјиште во градежно ќе ја вршиме исклучиво по јасно дефинирани критериуми за исплатливост, при што ќе се води грижа за заштита и на сопствениците и на земјоделското земјиште. Сегашниот закон е штетен за земјоделскиот сектор бидејќи овозможува зафаќање на која било земјоделска парцела.

– Ќе спроведеме ревизија на веќе доделеното државно земјоделско земјиште. Ќе направиме категоризација на земјиштето според квалитетот, од што ќе зависи неговата големина. Ќе ја вратиме земјата на оние кои живеат од неа – вистинските земјоделци. Сега голем дел од земјоделското земјиште е во рацете на поединци на кои им е доделено со концесија и добиваат субвенции за него, но не го обработуваат. Повеќето од нив, го даваат на други да го користат, или воопшто не го обработуваат. На тој начин пари од државата не зема вистинскиот земјоделец, туку неговиот газда, земјопоседник.

– Ќе спроведеме и децентрализација во доделувањето државно земјоделско земјиште. Во тоа ќе учествува и локалната самоуправа при што приходите од концесионирањето ќе се распределуваат во еднаков сооднос, 50-50 помеѓу конкретната општина и државата. Предвидуваме поделба на земјиштето на парцели, при што, ако биде склучен договор за изнајмување од најмалку 5 години, оној кој ја добил концесијата ќе има обврска за вработување на земјоделски инженер и други вработени по потреба. Овде локалната самоуправа ќе биде вклучена во доделувањето на концесиите, при што законски ќе биде утврдено средствата што ќе ги добие општината задолжително да ги инвестира за изградба на полски патишта, чистење канали, изградба на системи за наводнување, осветлување на полето и слично.

– Ќе доделиме државно земјоделско земјиште на сточарите кои ќе го зголемат сопственото стадо, за да поттикнеме сопствено производство на добиточна храна чиј недостаток и висока увозна цена на пазарот претставува главен проблем во сточарството.

– Ќе доделиме државно земјоделско земјиште и за производство на житарици на неискористени обработливи површини, со минимален надомест за концесија. Пченицата, сончогледот, пченката и луцерката како најважни видови од нивските култури ќе добијат поголема поддршка по единица површина во споредба со останатите, со цел да се намали дел од увозот на пченица, брашно, масло за јадење и добиточна храна, рече Прентовиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.