Во списаниетo за поезија N.ARDIS кое излегува во Москва, Русија, во број 1/2018 година, во препев на руски од Олга Панкина објавен е пообемен циклус песни од Славе Ѓорѓо Димоски.
Олга Панкина, поетеса и директор на Македонскиот културен центар во Москва е голем афирматор на македонската литература во руската јазична средиона преведувајќи голем број македонски автори, меѓу кои „Големата вода“, од Живко Чинго, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Папокот на сетот“ од Венко Андоноски, „Невестата на змејот“ од Влада Урошевиќ многу други автори.
Осумнаесет оделни поетски книги на Ѓорѓо се објавени на други јазици, а одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.
За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридскато највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“.