Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препукувања меѓу Јакимовски и Советот на СДСМ во Карпош

0
By Нова ТВ on April 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Носителот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Карпош, Иван Спировски, денеска демантираше дека постоел каков било обид од страна на Стевчо Јакимовски за некаква соработка со советничката група на СДСМ во Карпош.

Тој во изјава за новинарите пред општината праша – кој може после сите постапки на градоначалникот на оваа општина, Стевчо Јакимовски да му верува дека се грижи за граѓаните, кога единствениот негов мотив во политиката се личните и бизнис интереси.

Спировски рече дека вчера се потврдило тоа што за целиот тек на кампањата го говореле, па коалицијата меѓу Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ се официјализирала и конечно станала јавна.

По изјавата за мeдиумите на Иван Спировски дека градоначалникот на Карпош Јакимовски направил каков било обид за соработка со нив, Одделениете за односи со јавност на Општина Карпош се огласи со соопштение:

Генералниот секретар Андреј Петров во свое интервју на телевизија на 22 април изјави дека ќе бидат опозиција во општина Карпош, а веќе вчера од официјалното соопштение на СДСМ, самите се изјаснија дека тие во Карпош ќе бидат „конструктивна опозиција“. Под притисок на своето членство, очигледно сега се премислуваат и даваат контрадикторни изјави. Доколку носителот на листа, Иван Спировски, не знае кој и какви преговори водел во неговата партија, може слободно да го праша претседателот на Општинската организација на СДСМ, Анте Поповски.

Инаку, во петокот, на 19 април, беше побарана првата средба со ОО на СДСМ на Карпош, за договор за натамошна соработка во општинскиот совет, која според нивно барање беше одложена и наместо таа вечер, требаше да се одржи во недела, 21 април, во 20 часот. Сепак, не дојде ниту до втора средба, во терминот што сами го посочија.

Повторно со барање до ОО на СДСМ беше договорено тие во наредните денови сами да закажат термин за средба на која би се договориле идните чекори и функционирањето на Советот и на телата. По десетдневни неуспешни обиди, за да се овозможи нормално функционирање на Советот на Општина Карпош, се пристапи кон преговори со втората советничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ваквите изјави станува евидентно дека во СДСМ партиските раководители не соработуваат или таму не се знае „кој пие, а кој плаќа“. Со тоа само се потврдува дека оваа партија е дефинитивно одвоена и од членството и од симпатизерите и од граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.