Убиени се две лица во вооружена престрелка во Пеќ, соопштува косовската полицијата. Во инцидентот загинат е случаен минувач, како и 30-годишниот Валдет Кељменди познат како Лара.
Други шестмина повредени се префрлени во болницата во Пеќ и не се во животна опасност.
Кељменди бил мета во пресметката меѓу кланови. Инцидентот се случил вчера во центарот на Пеќ, близу хотелот „Голд“ околу 17.40 часот.
Напаѓачите побегнале и го запалиле својот автомобил. Џипот „Гранд чироки“ е пронајден во пламен во село на околу 10 километри од Пеќ, во правец на Бараново брдо.
Неименувани извори за весникот „Експрес“ велат дека мотив за убиството е одмазда, а еден полицаец изјавил за весникот дека ова убиство има врска со случајот од пред неколку месеци кога е убиен Џек Кељменди и Кастриот Кукај.