Синоќа околу 19,00 часот во Скопје на Бит-Пазар, настанала вооружена престрелка помеѓу Е.К.(28) и неговиот сопатник А.Х.(20) кои се превезувале со патничко возило „БМВ“ од една страна и од друга страна непознати лица со возило „мерцедес“.
Во пукањето нема повредени лица, а полицијата на местото на настанот пронашла е една чаура.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.