Во престрелка во централниот американскиот град Детроит загинале две лица, а седум се повредени, јавува АБЦ.
Полицијата соопшти дека вооружен напаѓач отворил оган на една прометна раскрсница пред една берберница во градот, позната по коцкарски активности.
Престрелката се случила околу 18 часот, во берберница Ал, изјави портпаролката на полицијата Кели Мајнер. Таа соопшти дека девет лица биле застрелани и за двајца од нив е потврдено дека се мртви.
Деталите се површни, бидејќи полицијата се ‘уште истражува она што се случи, и не беше јасно како многу луѓе отвориле оган.
Началникот на полицијата Џејмс Крег изјави за новинарите на местото на настанот дека “осомничените застрелале неколку лица” пред “неколку истрели да бидат возвратени.” Тој рече дека не е познато дали некој од жртвите учествувал во престрелката.
Мајнер рече дека два автомобили застанале пред берберницата и луѓето во возилата размениле оган од автоматско оружје едни со други.