Вчера во 13 часот и 40 минути на улицата „Втора Македонска Бригада“, на автобуска постојка во автобус на ЈСП со број 19, бил претепан 48-годишниот М.Ј. од Стајковци, вработен како контролор.
Тој фатил група од 15 лица како се вози без билет во автобусите на ЈСП, па тие го претепале.
Насилниците го удирале контролорот со тупаници и клоци по главата и телото, при што му нанеле телесни повреди.
Пред една недела директорот на ЈСП, Мишо Николов, изјави дека доколку патникот кој се вози во автобусот без бил не го плати бараниот износ од 300 денари во рок од осум дена, поднесуваме предлог за поведување прекршочна постапка до МВР, по што прекршочната комисија задолжително изрекува глоба од 50 евра, плус 25 евра за трошоците за прекршочна постапка, кои паѓаат на товар на патникот.