Полицијата денеска започна претрес во куќата на пилотот кој управуваше со исчезнатиот авион, откако премиерот на Малезија го потврдил сомнежот дека авионот намерно го променил правецот на движење.
Полицијата влегла во куќата на пилотот Zaharij Ahmed Šah (53), веднаш по завршувањето на прес конференцијата на премиерот.
Премиерот изјавил дека истрагата е фокусирана на тоа дека комуникациските системи се намерно онеспособени, по што авионот го сменил правецот и летал уште седум часа.
Премиерот на прес конференцијата изјавил дека властите сега се обидуваат да му влезат во траг на авионот преку двата коридора, од северен Тајланд преку границата со Казахстан
и Туркменистан и јужниот коридор, од Индонезија кон јужниот дел на Индискиот океан, јавува AP.
Авионот со 239 патници исчезна на летот од Куала Лумпур до Пекинг пред повеќе од една недела.