Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката на Р. Српска Жељка Цвијановиќ, придружувана од почесниот конзул на Р. Србија во земјава Владимир Стајиќ се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во посета на земјава од денеска престојуваат министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ и претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, како дел од активностите поврзани со одбележувањето на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава.
Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, рече дека со задоволство ја започнува својата официјална посета на Северна Македонија во Куманово, пријателска локална заедница која има добра долгорочна соработка со општините во Српска.
Цвијановиќ изјави дека оваа соработка во моментов е на полето на културата, со тенденција за проширување на економска соработка, за што било разговарано на средбата, јави новинската агенција Срна.
Таа истакна дека ја радува фактот што сите народи, вклучително и српската заедница во Куманово, живеат во хармонија и ги почитуваат потребите на сите етнички заедници.
„Тоа е одличен пример за соживот. Мислам дека односите меѓу Република Српска и Северна Македонија, но и другите земји од регионот треба да се продлабочат и прошират. Имаме огромен економски потенцијал, но и силен политички капитал и врз основа на тоа ни треба да изградиме подобри односи, инфраструктура, да ги поврземе нашите граѓани во сите области“, изјави Цвијановиќ за РТРС.
Цвијановиќ им се заблагодари на претставниците на Куманово за гостопримството и прославата на Савинден, кој, како што рече, е важен датум за српската заедница што живее во овој град.

На средбата со градоначалникот Димитриевски, Цвијановиќ беше придружувана од почесниот конзул на Србија во Северна Македонија Владимир Стајиќ, па оттаму стана збор и за скорешното отворање на конзулатот што ќе биде со седиште во Куманово.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се заблагодари за посетата на високата делегација од Република Српска, предводена од претседателката Жељка Цвијановиќ.

– За нашата општина ова е важен ден и важна посета, особено за српската заедница. Разговаравме за многу теми. Важно е да се каже дека имаме соработка со многу општини од Република Српска и БиХ, рече Димитриевски.
Тој рече дека на денешната средба се разговарало како и на кој начин да се подобри досегашната соработка, но и повеќе да се заснова на економската соработка.
На средбата присуствуваа и амбасадорот на БиХ во Северна Македонија Драган Јаќимовиќ.
Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ денеска ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а вечерва ќе присуствува на Академијата во чест на Свети Сава по повод националниот празник на Србите во Северна Македонија. Во официјалниот дел од програмата предвидено е да им се обрати на гостите, пренесе агенцијата Срна.
Владимир Стајиќ Денот на Свети Сава Жељка Цвијановиќ Максим Димитриевски никола селаковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.