Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката на Судскиот совет Црвенковска:  Ако сакаме европска иднина мора да имаме и европско судство

0
By Соња Крамарска on October 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Скопје се одржува конференција на која учествуваат претседателите на судските совети на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, како и претседателката и членови на Судскиот совет на Северна Македонија.

Во своето поздравно обраќање, претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска нагласи дека регионалната соработка е нужна за да се воспостави систем за постојана комуникација за размена на искуството и знаењето.

„На оваа конференција ние треба да ја воочиме реалноста, особено со намалената доверба кај граѓаните во судството, и да дефинираме добри практики кои ќе ни бидат корисни во промоцијата и остварувањето на нашите цели- создавање независни судски системи и услови во кои секој граѓанин ќе може непречено да ги оствари своите права. Во моментов ние сме на пат кога градиме компетентен Судски совет кој има надлежности да креира правила и политики применливи во нашиот судски систем, работиме постојано на подобрување на квалитетот на судиите, на начините по кои ги избираме и ги унапредуваме, се обидуваме да функционираме независно и професионално за да можеме нашата работа да ја пресликаме и во судовите“, рече Црвенковска пред своите колеги од државите во регионот.

Конференцијата се случува во време кога стремежот на сите држави, кои имаат претставници на настанот, е насочен кон Европската Унија, па затоа учесниците нагласија дека регионалната соработка е важен предуслов во сите области, вклучително и судството.

„Ако сакаме европска иднина на нашата држава и на нашиот регион, тогаш мора да имаме и европско судство, а тоа значи дека мораме да ја смениме перцепцијата кај граѓаните. Тоа е можно само ако имаме независен Судски совет и независни судии. Сите ние одиме по тој пат, некој е понапред, некој е поназад, тоа е сосема доволна причина да започнеме една нова ера во која ние нема да бидеме непознати едни за други, туку ќе бидеме партнери за полесно и заедно да стигнеме до целта“, порача Црвенковска.

независно судство Павлина Црвенковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.