Претседателот на Колумбија, Иван Дуке го спореди венецуелскиот претседател Николас Мадуро со Слободан Милошевиќ, предупредувајќи го дека би направил „глупава грешка“ ако ја нападне неговата земја.
„Бруталноста на Николас Мадуро може да се спореди со Слободан Милошевиќ. На тоа мора да се стави крај“, истакна Дуке.
Дуке го изјави ова пред заминување во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде, како што се очекува, ќе го критикува Мадуро како насилен автократ кој не само што е одговорен за хуманитарна катастрофа во земјата, туку претставува и закана за регионалната стабилност поради наводно давање засолниште на колумбиските бунтовници.