Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на СДСМ, Ковачевски пред младите: Вистинскиот лидер се грижи повеќе за другите отколку за себе

0
By Mirjana on December 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се обрати на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија во организација на Прогрес институтот.
Ковачевски им честиташе на учесниците на академијата, како шанса за проширување на нивното знаење, и се осврна на претстојните предизвици пред кои е исправена државата.
Пред присутните, претседателот Ковачевски порача дека младите социјалдемократи треба да бидат активни и гласни, да бидат што повеќе вклучени во процесите на креирање и реализација на квалитетни младински политики.
„Како млади луѓе треба да ја насочите енергијата и креативноста да се борите против неправдата во општеството. Сржта на добрите социјалдемократски политики и одлика на лидерите е битката за еднаквост, за еднаква шанса да добие секој човек, за да се помогне на немоќниот и обесправениот. Вистинскиот лидер се грижи повеќе за другите отколку за себе и својот личен интерес. Гласно кажувајте ги вашите предлози, идеи, желби за промена, подобрување и унапредување во средината во која делувате, но и преземете акција која ќе ги мотивира и другите да ви се приклучат,“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека во СДСМ следува период на промени и дека во тие промени сериозно смета и младите социјалдемократи.
„СДСМ во периодот кој следи мора да се менува а вие мора да бидете носители на таа промена. Има многу работа пред нас, за да ги промениме работите, но тоа почнува од промената на самите себе. Младината е можеби и најважниот дел од едно општество и должна е да ја обликува сегашноста, но и иднината во тоа општество. Младината не смее да седи на страна и чека туку да преземе акција, да го дигне гласот и да се бори за својата иднина. Гласот на младите и нивните потреби е глас кој јас како лидер ќе го слушам.“ заклучи претседателот Ковачевски.
Ковачевски ПР ПРОГРЕС ТРИБИНА ЗА МЛАДИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.