Претседателот на Сирија, Башар ал Асад, денеска прогласи амнестија за дезертерство и одбегнување воена служба, јави ИТАР-ТАСС.
Во указот на шефот на државата, објавен на страницата на сириската агенција САНА, се посочува дека амнестијата ги опфаќа сите прекршоци извршени до 29 октомври годинава.