Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за легализација на дивоградби

0
By Нова ТВ on May 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, информираат од претседателскиот кабинет. Текстот на Законот, според претседателот, е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот.

-Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со член 38, став 2 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија, Ве известувам дека одлучив да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 11 мај 2021 година. Мојата одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот ја донесов врз основа на детална анализа на текстот на Законот, при што утврдив дека текстот на Законот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Исто така, сметам дека текстот на Законот нема општествена оправданост односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт, вели претседателот Пенадровски во известувањето што го испратил до Џафери.

Според Пендаровски, текстот на Законот е спротивен на член 8, став 1, алинеја 3 од Уставот каде што владеењето на правото е утврдено како темелна вредност на уставниот и, генерално, нашиот правен поредок.

-Имено, фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, коешто е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност. Таквата постапка е спротивна со член 9, став 1 од Уставот во кој што е определено дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Дополнително, во член 51, став 2 од Уставот е определено дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Убеден сум дека усвоениот Закон не само што ги става граѓаните во нееднаква положба, привилегирајќи ги оние кои не ги почитувале правните прописи на штета на совесните граѓани кои при градење на објекти постапувале во согласност со важечките прописи, туку, уште повеќе, стимулира непочитување на правните прописи. Стимулирањето на непочитувањето на правните прописи нанесува трајна штета на сите напоринашата држава да ја изградиме како демократска држава заснована врз владеењето на правото и почитувањето на правата и слободите на човекот и граѓаните, пишува претседателот Пендаровски во известувањето.

Тој додава дека особено спорен е член 41 од текстот на Законот со кој од денот на влегување во сила на Законот се предвидува „запирање на управни постапки кои не се завршени со спроведување на решенијата за отстранување на бесправно изградените објекти, како и управните и судските (кривични и граѓански постапки) кои се во тек и кои произлегуваат од постапките за отстранување на објекти кои се завршени или се во тек“.

-Оваа одредба е спротивна со член 8, став 1, алинеја 4 од Уставот каде што поделбата на власта на законодавна, извршна и судска власт е дефинирана како темелна вредност на уставниот поредок. Преку вака формулираното законско решение се врши упад во работата на судовите и се овозможува „затскриена“ амнестија за сторители на кривични дела поврзани со бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Неспорна е уставната надлежност на Собранието, во согласност со член 68 од Уставот, да дава амнестија. Но, амнестијата, како што налага законодавната пракса, треба да биде дадена со посебен закон за амнестија, а во образложението кон евентуалниот таков закон треба да се образложи општествената оправданост односно јавниот интерес за давањето на амнестијата. Преодните и завршните одредби на Законотза утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти не се местото кадешто на нетранспарентен начин ќе биде дадена амнестија, смета шефот на државата.

Според него, донесениот Закон, исто така, е спротивен на член 43 од Уставот во кој секому се гарантира правото на здрава животна средина, а државата се обврзува да создава услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.

-Донесениот Закон во член 17 предвидува можност за легализација на бесправно изградени објекти дури и во „строг природен резерват, национален парк, споменик на природа, парк на природа, заштитен предел, заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, како и во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење“. Ваквата можност е прекршување на основната обврска на државата да ја штити животната средина, адополнителноможноста за легализација на бесправно изградени објекти во заштитни зони на вода за пиење потенцијално го загрозува јавното здравје, чијашто заштита е, исто така, законска обврска на државата. Можноста, во наведениот член, за легализација на бесправно изградени објекти во подрачје на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети) е повреда на законската обврска на државата да ги заштитува културните добра и културното наследство, пишува претседателот.

Конечно, но не и помалку важно, вели во известувањето Пендаровски, како претседател на државата се заколнав дека ќе ги почитувам и штитам Уставот и законите.

-Таа обврска подразбира не само формално почитување и спроведување на Уставот и законите, туку, многу повеќе, промоција на правната култура. Правната култура е одлика на сите цивилизирани заедници, а владеењето на правото и заштитата на јавниот интерес е принцип на сите демократски држави. Впрочем, владеењето на правото е основниот услов за остварување на стратешката цел на нашата држава за интеграција во Европската Унија, за чиешто остварување работеле и работат сите досегашни претседатели, состави на Собранието и влади. Како убеден демократ и легалист верувам во водењето на политиката во границите на правото и затоа не можам да се согласам од неправото да создаваме право. За жал, усвоениот Закон е пример за такво поведение, пишува тој во известувањето испратено до Собранието.

Во таа насока, тој апелира до сите пратеници, независно од политичката припадност, а водејќи се од словото на Уставот и јавниот интерес, уште еднаш, да размислат пред повторно да одлучуваат за овој текст на Законот. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

ВЕСТИ October 15, 2025

Руските ракетни и беспилотни летала извршени во текот на ноќта предизвикаа прекини во електричната енергија…

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

October 15, 2025

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.