Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 12, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на претстојните избори закажани за 24 април, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, смета дека за Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ може да се најде решение. Таа во интервју за МИА потенцира дека е за влез во Европката унија, но дека „може да се договориме“ и оти за тоа има многу варијанти.

  • Јас не можам вака да ви одговорам, меѓутоа јас мислам дека може, истакна проф. Силјановска Давкова. Значи, сакам да кажам се разбира дека сум за ЕУ, но не гледам јас фаталистички на ЕУ за да се плашам да кажам дека ако предавам уставно право како да им кажам на студентите дека темелните вредности и принципи заштитени што ви се пред суд не важат за некој непослушен од вашата фамилија, ама и вие велите не важат за земјите кои се кандидати да бидат почитувани. Тогаш тоа не е во ред. ЕУ треба да биде заедница на принципи, не е на бирократски машинерии.

Претседателската кандидатка нагласува дека таа го соопштила ставот и на сите дипломати и министри кои доаѓале во Собранието и оти се повикува на темелните вредности и принципи на Европската унија на нивните основачки документи.

  • Тоа е европското уставно право и тоа е заштитено во судот во Луксембург, Судот на правдата на Европската унија и важи за сите. Значи, не можам, а да не потсетам, меѓутоа шокирана сум од одговорот, кој најчесто го слушам дека разговаравме со претседателот, со министерот за надворешни работи, за евроинтеграции и со други тие велат дека нема проблем. А како нема проблем ако се вели дека во тие принципи влегува признавање, бидејќи сликата на ЕУ е единство на различности и тие велат дека нема да се мешаат во внатрешните работи, ќе ги почитуваат уставните и политичките структури, самоопределувањето, дигнитетот и интегритетот, да не бројам, националниот и културниот идентитет, реципроцитетот во почитувањето во склучувањето на договорите итн. Се разбира дека тоа што важи за нив треба да важи и за сите и важеше и треба да важи и за нас, вели Силјановска Давкова.

За информациите што деновиве се појавија во јавноста дека би можело да има уставни измени дури и со се уште актуелниот состав на Парламентот, или предлозите политичарите да се „затворат“ веднаш по инаугурацијата на новиот претседател и да се договорат или за оној за уставни измени до Нова година, Силјановска Давкова вели дека „тоа е страшно бидејќи кажуваме дека не го почитуваме Уставот односно постапката за промена на Уставот“ и прашува дали ние имаме правна држава. За формирање идна влада, додава, прво треба да се види резултатот.

Професорката Силјановска Давкова верува дека ќе влезе во вториот круг на претседателските избори и дека согласно анкетите и резултатите од минатите избори, логично и се наметнува заклучокот дека повторно Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, има најголеми шанси да биде еден од оние што ќе влезат во вториот круг на претседателските избори.

Ако ги имам предвид минатите резултати, ако ги имам во предвид анкетите, тогаш некако логично ми се наметнува заклучокот дека повторно господинот Пендаровски има најголеми шанси да биде еден од оние што ќе влезат во вториот круг. Инаку, со кого за вториот круг веднаш не можам да кажам меѓутоа имало различни разговори. Јас мислам дека политиката е и практична и прагматична активност, дека понекогаш се склучуваат и интересни сојузи, но јас едно можам да кажам дека ќе се однесувам натпартиски, непартиски, дека во трагањето по коалициони партнери нема да дозволам да се прават пазари со мене, ветувања кои се непристојни бидејќи ситуацијата во која што сме е резултат и на пазарно ориентирана политика, а не на политика како уметност на можното, истакнува таа.

Во интервјуто таа вели дека е задоволна од одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата за нејзината претставка, како и дека очекува Академијата за судии и јавни обвинители да поднесе жалба до Управниот суд, како и дека таа да биде потврдена.

  • Да, очекувам, очекувам. И однапред кажувам дека јас немам доверба во Управниот суд особено во претседателот на Управниот суд, кој во некои пресуди тој цитира членови што не постојат, што се укинати, не верувам. Инаку, да, првата средба со новиот состав на Антикорупциска комисија мене ми ветува дека ќе продолжи таму каде што претходниот состав застана. Јас имав голема почит кон претходниот состав и покрај ограничените овластувања, навистина се однесуваа како борци за заштита на Уставот и законите во борбата со корупцијата и криминалот. Инаку, јас без оглед на пресудата на Управниот суд ќе ги информирам за ова ОБСЕ/ОДИХР, ама и донаторите на Академијата, вели таа.

Зборувајќи за програмата и за тоа со што ќе привлече повеќе гласачи особено меѓу неопределените, проф. Силјановска Давкова посочува дека светот и Европа се борат со апстиненција, но и со антиполитика и оти голем дел од луѓето не сакаат да се вклучат дури ни во изборниот процес.

  • Ние немаме задолжително пасивно избирачко право да мора да гласаме како во некои држави. Јас сум против таквото право. Меѓутоа, ова навистина треба да делува освестувачки за сите. Значи, јас не им се обраќам само на оние кои застанале зад тие кои ме предложија, туку и минатиот пат и добив од нив можеби повеќе од 60 илјади гласови, од неопределени луѓе, од аполитични луѓе кои решиле можеби заради идентификување со некои од моите ставови да излезат на гласање. Во текот на овие четири години јас се однесував автономно. Неколкупати гласав и поинаку и од партијата и од сите. Зошто? Бидејќи сметав дека за некој на кој му е животна филозофија владеењето на правото тоа е нормално, рече проф. Силјановска Давкова во интервју за Медиумската информативна агенција.
Гордана Силјановска-Давкова Избори 2024 интервју МИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.