Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори: ДУИ нема да ја руши Владата на Груевски

0
By Биљана Секуловска on January 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ не отстапува од своето барање за консензуален претседател, но во исто време демантира можност за рушење на Владата, доколку досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов биде повторно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави за НОВА Артан Груби, шеф на Кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повикувајќи се на демантот на Ермира Мехмети на нејзиниот ФБ профил.

Груби вели дека консензуален претседател подразбира неколку фактори: прифатлив за албанското гласачко тело но и да ги претставува Албанците, да се залага за евро-атланските перспективи, но не само декларативно туку и навистина да делува активно во тој правец.

Досега, на оваа тема имало неколку разговори на релација ВМРО-ДПМНЕ- ДУИ, но засега не е донесен конечен став и оттука, се уште не се разговарало за конкретни имиња, кои би се вклопиле во саканиот профил на ДУИ.

Што се однесува до отфрлањето на можност за преговори со ДУИ за консензуален претседател од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Артан Груби изјави дека нема коментар за ваквиот став на Заев.

Бујар Османи, портпаролот на ДУИ, за НОВА изјави дека се свесни дека роковите се кратки, со оглед на фактот што кон крајот на јануари веќе треба да соопштат кандидатите и да се распишат изборите, согласно рокот од три месеци- на 12 јануари му завршува мандатот на Иванов, кога веќе треба да седне на претседателската фотелја неговиот наследник.

И покрај тесниот рок, двете најголеми партии последните подготовки за кандидатура ги поминуваат во тишина, а извори од една од партиите велат дека финишот, односно изборот за кандидат и на двете партии им зависи од анкетите на јавно мислење кои забрзано се спроведуваат. Сепак, одлучувачки, последен збор ќе имаат луѓето во врвот на овие две партии.

Токму заради овие клучни показатели и не е дефиниран конечниот став за имињата кои засега се само на листата потенцијални кандидати: ВМРО-ДПМНЕ го мери расположението на јавноста со кандидатите како екс-министерот за надворешни Срѓан Керим, професорот Владо Поповски, досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

СДСМ има листа каде се опипува пулсот за Стево Пендаровски, екс-министерот за надворешни Денко Малески, екс-гувернерот Петар Гошев, бизнис- магнатот Трифун Костовски.

Разговорите на двоецот Зиков и Бучковски со Ахмети упатуваат и на нивната понуда- името на бизнис-магнатот Минчо Јорданов.

Досега, единствено се познати кандидатурите на Јове Кекеновски од ВМРО-ДПМНЕ и Стојанче Ангелов од Достоинство.

Сепак, извори за НОВА кои инсистираа на анонимност укажуваат на колебање кај ВМРО-ДПМНЕ за мартовски претседателски избори со оглед на одлучниот став на ДУИ за консензуален претседател, што би можело да доведе сериозно до размислување дали воопшто да се учествува на такви избори или да се одложат до септември, а дотогаш Трајко Вељановски, како шеф на Парламентот да ја обавува и претседателската функција како вршител на должност.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ предноста на претседателските избори ја лоцира пред се во пакет со парламентарни, кои засега за ДУИ не се прифатливи во март и оттука и стравувањето дека тешко може да се добие потребниот број на гласачи за нивниот претседателски кандидат.

Ваквите политички калкулации се разгледуваат во услови кога е можно ДУИ да им го заврти грбот доколку не се договорат за заеднички прифатлив претседател, со оглед на фактот што ДУИ инсистира на еден вид обединител, македонски Нелсон Мандела: претседател кој би имал високи цели во водењето на државата, а не тесно-партиски и низ етничка призма да ја гледа сопствената функција, што се и главните слабости на актуелниот претседател Иванов според извори во ДУИ, заради што и доволно долго и гласно го отфрлаат неговото име.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.