Парламентот во Украина му ги додели претседателските ингеренции на спикерот Олександар Турчинов бидејќи локацијата на актуелниот претседател Виктор Јанукович, засега е непозната.
Турчинов им порача на пратениците да се усогласат за формирањето на нова Влада. Тој во украинскиот Парламент потенцираше дека тоа е приоритетно за Украина.
Според него, разговорите за нова влада се неопходни што е можно побрзо, два дена по договорот помеѓу Јанукович и опозицијата.
Легитимноста за денешното гласање е сепак нејасна. Јанукович изминативе денови напомена дека нема намера да поднесе оставка бидејќи се работи за државен удар.
Олександар Турчинов е близок соработник на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, главната противничка на Јанукович.
Парламентот исто така гласаше за протерување на министерот за надворешни работи, на кого му е укажано од страна на актуелниот јавен обвинител дека издаден е налог за притвор на уште двајца министри.
Каде е сега Виктор Јанукович сеуште е нејасно, ден откако беше ослободена Јулија Тимошенко која пред народот во Киев рече дека тие се „хероите на Украина“.
Украинските информативни агенции јавуваат дека на Јанукович му бил забранет излез од земјата откако се обидел преку чартер-лет да замине од Доњецк.