На 28. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово, МНТ триумфираше со две престижни награди. Претставата „Бог на колежот“ ја доби Гран при наградата за најдобра претстава, а актерот Ѓоѓи Јолевски беше прогласен за најдобар актер за улогата во истата претстава.
Претставата е копродукциски проект работен според текстот „God of Carnage“ од Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска.
Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиева, како и децата од актерската школа на Петрушевска.
– Иако минималистички по форма, „Бог на колежот“ плени со силна актерска игра, духовит дијалог и прецизна режиска визија, кои на публиката ѝ понудија искуство што и забавува и поттикнува на размислување. Ова признание за Јолевски, првенец на ансамблот на МНТ, е резултат на неговата исклучителна интерпретација и актерска зрелост, кои успешно го обликуваат сложениот лик и ја доловуваат драматичната напнатост зад хуморот на текстот, велат од МНТ.
Признанието „Лауреат“ и беше доделено на актерката и режисерка Весна Петрушевска за нејзиниот придонес во развојот на македонската комедија.