Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претстојниот Илинден жежок костен во рацете на македонската и на бугарската влада

0
By Mirjana on July 26, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досега Македонија и Бугарија три пати го имаат заеднички одбележано големиот празник Илинден, но оваа година подготовките за прославата се одвиваат во тајност, посебно во делот на прашањето дали ќе има заедничко чествување со оглед дека се присутни проценките дека вжештената атмосфера од двете страни на границата, може да доведе до инциденти. 

До денеска во бугарското министерство за надворешни работи нема стигнато покана од македонска страна за заедничко чествување на 119 – годишнината од Илинденското востание. А бидејќи непоканет не се оди никаде, барем од информациите што ги имаме досега, извор на НоваТВ вели дека  „македонската Влада попрво би истрпела критики отколку да создаде простор да се случат некакви инциденти, во контекст на ионака вжештената атмосфера поради прифаќањето на предлог преговарачката рамка со ЕУ и протоколот со Бугарија кој е всушност патоказ за  реализација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“ вели изворот на НоваТВ.

А кога сме кај Протоколот, во него стои „Согласно чл. 8 ал. 3 од  Договорот, двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности, се наведува во документот.

Што се однесува до тоа кои заеднички личности и настани е договорено  да се чествуваат, заклучокот 3 од Точката 3 на Протоколот од првата Заедничка меѓувладина конференција од 2019 година предвидува дека двете држави требало да ја охрабрат Комисијата во рок од една година, што значи до 2020 , да им предложи на двете влади препораки за заедничко одбележување и чествување на заеднички личности и настани.

Досега три години по ред имаше заедничко чествување на Илинден меѓу Македонија и Бугарија иако никогаш досега на Мечкин Камен во Крушево.

Првиот пат беше во 2017 година ден по потпишувањето на Договорот со Бугарија, Двајцата тогашни премиери Зоран Заев и Бојко Борисов  со симболичниот гест на полагање на венци свежо цвеќе  во црквата Св. Спас на гробот на Гоце Делчев во Скопје , практично ја започнаа примената на билатералниот Договор во кој пишува дека може да има заеднички прослави на „заеднички историски настани и извори”.

Втор пат заедничко чествување на Илинден имаше во 2018 година. Владина делегација која ја предводеше тогашниот премиер Заев замина во Благоевград, во соседна Бугарија, каде што заедно со Бојко Борисов, положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, кој и Бугарија го слави како еден од револуционерите во борбата за ослободување од османлиското владеење на почетокот од 20-от век.

Трет пат Македонија и Бугарија заеднички  го чествуваа Илинден во 2019 година .Тогашниот премиер Борисов заедно со Заев учествуваа на церемонијата на полагање венци во црквата Св. Спас во Скопје на гробот  на Гоце Делчев по што Борисов замина за Дојран каде што се наоѓа обновениот споменик на Константин Каварналиев.

Заедничко чествување на Илинден е дамнешна желба на Бугарските политичари. Уште во 2014 година тогашниот бугарски претседател Росен Плевнелиев со писмо побара од македонскиот претседател  тогаш Ѓорѓе Иванов заеднички да се слави Илинден прво во Бугарија а потоа во Македонија нешто што не беше на списокот празници понуден од наша страна кога за првпат јавно се лицитираше околу ваквите датуми меѓу двата кабинета. За заедничко чествување на Илинден притискаше и Бугарската академија на науките. Одговорот од нашиот министер за надворешни во тоа време Никола Поповски даден преку интервју за бугарскиот весник  „Преса“  изјави „Во принцип не сум против идејата. Таа е дел од европската култура. Но сметам дека е најдобро најнапред да се изгради меѓусебна доверба“,

Што се однесува до овогодинешната прослава на Илинден, премиерот Димитар Ковачевски ќе биде присутен на Мечкин Камен, претседателот на Собранието Талат Џафери во Пелинце а претседателот Пендаровски во Скопје. Со неговото доаѓање на позицијата шеф на државата, се измени и чествувањето на празникот па наместо од пред споменикот на Ченто на плоштадот Македонија, прославата се организира на платото пред претседателската резиденција на Водно.

Мирјана Трпческа 

 

 

 

 

.

 

 

 

 

 

 

Илинден прослава дали ќе има заедничка со Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.