Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентиран извештајот „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2“

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога станува збор за судството не може да се очекува реформите да бидат направени за многу кратко време. Заробената држава толку години била во една таква состојба да сега и да се сака одма нешто да се направи е невозможно. Ова го изјави Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права на денешната презентација на првиот мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“ .

Во однос на  Извештајот на Прибе и детектираните слабости во судството, според Цаца Николовска, најголем проблем има во Судскиот совет и во дел од судиите коишто постапувале по предмети.

„Проблемот е во тоа што на некој начин има голема пречка во оценување на тоа кој и на каков начин неодговорно и несовесно се однесувал. Тие работи  не може така брзо да се решат. И мислам дека со изборот на државниот јавен обвинител ќе се отвори простор за поголеми можности за реагирање и за евентуално покренување на соодветни постапки како од Обвинителството, така и од другите органи вклучувајќи го и Здружението на судии кое што си зема за задача да почне да се реагира од внатре, рече Цаца Николовска.

Мирослав Драганов, извршен директор на Институтот за човекови права од аспект на транспарентноста на Судскиот совет оцени дека таа се зајакнува во периодот по септември 2016 година, а по првпат е воспоставена и пракса при изборот на в.д. претседател на Основниот суд Скопје еден кога беше назначен од редовите на судии од Врховен суд, како и при изборот на претседател на Врховен суд кога кандидатите за претседатели беа поделени во три засебни листи без никакво образложение.

„Во однос на Советот на јавни обвинители како заклучок може да кажеме дека од 1 јуни 2015 заклучно со 30 септември 2017 година избрани се тројца судии во  Јавното обвинителство на РМ, четворица во вишите јавни обвинителства, 15 јавни обвинители се избрани во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и спречување на корупција. Во овој цел период се разрешени 21 јавен обвинител при што двајца се именувани на други функции, а притоа интересно е што ниту еден од овие јавни обвинители не е разрешен поради несовесно и нестручно  вршење на својата функција ниту поради покрената дисциплинска постапка за сторена потешка дисциплинска повреда. Од друга страна пак во периодот 1 јули 2015-1 јули 2017 година се поднесени 145 претставки и поплаки од страна на граѓани и други субјекти, но ниту една од нив не била основ за сомневање во насока на покренување дисциплинска постапка против кој било јавен обвинител“, вели Драганов.

Ива Цоневска од Институтот за европска политика се осврна на работата на Академијата за судии и јавни обвинители при што во мониторинг извештајот се посочува дека ова тело го подобрило квалитетот на своите обуки, добило зголемен буџет за 2016 година за 30 проценти во однос на 2015 година, но оти тоа не е доволно. Како што посочи Цоневска, ваквиот буџет на Академијата треба да биде зголемен со оглед на фактот дека дел од обуките и активностите се финансираат со помош на странски донатори.

Зоран Дранговски претседател на Македонското здружение на млади правници во однос на препораките на Извештајот на Прибе се фокусираше на извршувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права при што следена е работата на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП, како и делот на работата на меѓуресорската група која што е задолжена да го следи процесот на извршување на пресудите против РМ.

„Иако во Извештајот на Прибе беше сугерирано да се зголемат активностите на меѓуресорската група забележавме дека тие беа намалени. Во 2015 се одржани само четири состаноци, во 2016 еден и во 2017 исто така еден состанок кој е одржам само пред месец дена што е загрижувачки затоа што голем број на пресуди од ЕСЧП против РМ чекаат да бидат извршени“, рече Дранговски.

Првиот мониторинг извештај „Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа“ е изработен во рамките на проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“ кој е реализиран од страна на Институт за човекови права (ИЧП) како носител на проектот, во соработка со Македонско здружение на млади правници (МЗМП) и Институт за европска политика (ЕПИ).

Овој мониторинг извештај е базиран на итните реформски приоритети, од јуни 2015 година, во делот на владеењето на правото и судството – сектор правосудство (кои за основа го имаат Извештајот на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од 2015 година), и на Вториот извештај на Прибе, од септември 2017 година. Прибирањето на податоците главно е базирано на изработената Методологија за следење на институции од правосудниот систем на Република Македонија со цел идентификување на реформите кои беа утврдени како приоритет (ИРП). 

„Реформи во судството – од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.