Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Презентирани два предлог ДУП-а за просторот околу Кале, достава на анкетни листови до 16 септември

0
By Sashko on August 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Музејот на современа уметност завршија јавните презентации на двата предлог детални урбанистички плана за населбата Кале, при што се предвидува помала катност на објектите и зачувано зеленило на површина од 30.000 м2.

Како што соопштија од Општина Центар, Секторот за урбанизам при Општината, заедно со претставници од планерската куќа која ги изработуваше плановите, на жителите од населбата им ги презентираа измените и придобивките од новите планови.

„Од 20-ти јули до 16-ти септември, предлог-деталните урбанистички планови за Градска четврт-ЦС 01 Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 и Градска четврт-ЦС 14 Кале и СРЦ Кале се изложени на јавна анкета во читалната „Славко Јаневски“ и до завршувањето на тој рок, граѓаните може да поднесуваат анкетни листови. Поради тоа што е период на летни одмори, јавните анкети траат 41 работен ден, наместо законскиот минимум од 10 работни дена“, наведуваат од Општина Центар.

Во моментот на територијата на градските четврти ЦС 01 и ЦС 14 има вкупно седум важечки детални урбанистички планови за поединечни блокови, донесени во 1993 година, 2002 година, 2004 година, 2009 година, 2010 година и два во 2012 година. Некои од нив ги има само во хартиена форма, а територијата на Калето и Музејот на современата уметност досега воопшто не била третирана со детален урбанистички план. Со завршувањето на постапките за овие две градски четврти, како што се посочува, ќе се добијат два детални урбанистички плана кои се дигитални и меѓусебно интегрирани.

Покрај останатите придобивки, на дел од спортско-рекреативниот комплекс „Кале“ во стариот план е предвидена изградба на хотелски комплекс со приземје + 6 ката + поткровје, од кој дел се наоаѓа на државно земјиште. Во новиот план, се потенцира, на хотелскиот комплекс му е намалена катноста на приземје + 3 ката, а државното земјиште се пренаменува во парковско зеленило на 3,074 м2.

На местото, пак, каде што според стариот план беше предвидена изградба на објект за спорт и рекреација, во новиот план на целата градежна парцела има зеленило, на површина од 15,980 м2. На местото каде е предвиден хотелски комплекс со приземје и два ката со развиена површина од 12,597 м2, ќе се гради приземен објект со вкупна развиена површина од 5,963 м2.

„Јавен паркинг и парковско зеленило на површина од 7,860 м2 се предвидени за реализација во новиот план, на местото на катна гаража со осум нивоа и развиена површина од 58,816 м2, а на местото каде претходно беше вцртан објект со категорија В4 – државни институции, ќе никне првата детска градинка во населбата „Кале“, на приземје и еден кат, со развиена површина од 565 м2“, посочуваат од Општината.

Плановите ќе бидат изложени во читалната „Славко Јаневски“ до 16 септември, период во кој граѓаните ќе можат пополнетите анкетни листови да ги доставуваат до Општината, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.