Љубомир Костовски: Алкалоид собрал средства за стипендија за ученикот Јован Костадинов од Виница а му ја доделува (!) премиерот Мицковски. Тоа е она момче кое спаси 20 загрозени млади луѓе од дискотеката во Кочани, беше на кусо лекување и сега се врати дома. Колку типично за премиерот , но и грдо: нека собере средства Владата а не да ја присвојува од други субјекти волјата и активноста на една компанија за пред камерите да се сменат улогите. Нека скуси Мицковски некакоја од планираните групни патувања со авион на кои ги носи и членовите на семејствата на политичкиот врв! И што чинат многуи стотици илјади евра. Или нека скусат нешто од дневниците неговите пулени – место да купуваат станови по Скопје, нека ја ги дадат на семејствата на жртвите од Кочани и на повредените. Или ќе чекаме да се вратат од ненадејниот годишен одмор, оној за кој не им се погоди времето… Или од 400-те илјади евра за испитување на јавното мислење за своето владеење. не ви треба таква анализа – погледнете од прозорецот. Срамно, ќе се покривате за своите грешки пред јавноста со туѓи активности.
Од Фејсбук ѕидот на авторот