Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказната за Силјан на Тамара Котевска ита кон Оскар

0
By Zoran Ivanov on November 16, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации на престижните Cinema Eye Honors, едни од најреномираните глобални признанија за документарна продукција.

Филмот ја освои номинацијата за Audience Choice Prize, признание со особена тежина во документарниот свет. Од Cinema Eye Honors истакнуваат дека „Audience Choice Prize е често клучен претходник на идните документарни награди, вклучително и на Оскарот за најдобар документарен филм“, нагласувајќи дека ова признание е важен индикатор за потенцијалниот успех на филмот во претстојната наградна сезона.

Покрај ова, „Приказната за Силјан“ ја доби и номинацијата Outstanding Achievement in Cinematography, со која се одликува кинематограферот Jean Dakar за неговиот автентичен визуелен пристап и суптилната, но длабоко филмска естетика што го одбележува филмот.

Со ова, „Приказната за Силјан“ го зацврстува својот статус како едно од најзначајните документарни остварувања на годината. Успесите доаѓаат во момент кога филмот влегува во најкритичната фаза од глобалниот награден циклус и дополнително го засилуваат неговиот профил на меѓународната сцена. Овие признанија се силен поттик и јасна потврда за уметничкиот, продукцискиот и културниот значај на македонскиот документарен филм во светски рамки.

„Овие две признанија уште еднаш покажуваат дека културата има моќ да нè обедини, дури и во период кога земјата беше целосно зафатена со политички изборни кампањи.

Иако „Приказната за Силјан“ влезе многу подоцна во кампањата за Оскари, македонската публика масовно застана зад него и ги претекнавме филмовите и продукциите со огромна меѓународна поддршка. Ова ми потврди дека, и покрај сите разочарувања што сум ги доживеала во домашниот филмски контекст, народот знае да ја препознае и да ја поддржи вистинската вредност.

Филмот е единствениот неамерикански и неполитички во трката и сепак рамноправно им парира на сите. Тоа е доказ дека од нашето поднебје доаѓа автентичен, слободен и исклучителен квалитет, поразличен од стандардизираните формати што доминираат во светските документарни продукции.

Испраќам огромна благодарност до сите што гласаа. Кога публиката застанува зад културата, можеме да постигнеме повеќе од успех, можеме да направиме чудо.“ – изјави Тамара Котевска

National Geographic официјално ја најави американската премиера на „Приказната за Силјан“, која ќе се одржи на 28 и 29 ноември во IFC Center во Њујорк, со што филмот влегува на големата американска филмска сцена.

 

силјан Тамара Котеска филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.