Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приштина: Парламентарни избори во Косово – преглед на полиитчкиот распоред

0
By Zoran Ivanov on February 9, 2025 ВЕСТИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори. Граѓаните гласаат за нов состав на Собранието, додека политичките партии водат тесна изборна битка.

Последните анкети му даваат предност на сегашниот премиер Албин Курти но конечните резултати ќе бидат сумирани по затворањето на изборните места.

Вчера во Приштина се одржаа завршните митинзи на Демократска партија на Косово (ПДК), а митинг одржа и партијата Демократска лига на Косово -ЛДК.

Во трката за новиот пратенички состав учествуваат 28 политички партии и еден независен кандидат. Граѓаните имаат можност да изберат една партија и до десет кандидати за пратеници.

Овие гласови ќе го изберат новиот состав на 120-члениот Парламент, а пратениците потоа ќе ја изберат новата влада. Според предизборните анкети и политичките аналитичари, главната изборна битка ќе се води меѓу:

Движењето Самоопределување на Албин Курти

Демократската лига на Косово на Лумир Абдиџику

Демократската партија на Косово на Мемли Красниќи

Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај

Собранието на Косово има 120 пратенички места, од кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници:

Српска заедница – 10 пратенички места

Бошњачка заедница – 3 пратенички места

Турска заедница – 2 пратенички места

Ромска (РАЕ) заедница – 4 пратенички места

Горанска заедница – 1 пратеничко место

Изборниот праг е 5%.

Во текот на вчерашниот ден, српскиот претседател Александар Вучиќ упати апел до Србите на Косово масовно да гласаат на денешните избори во Косово. Шест партии и иницијативи учествуваат во трката за десетте пратенички места резервирани за српските претставници:

Српска листа

Српска демократија

Партијата на косовските Срби

Српското народно движење

Граѓанската иницијатива Народна правда

Листа за слобода, правда и опстанок

Клучната политичка цел на српските партии е враќање на Србите во институциите на Косово. Изборната кампања ги зголеми тензиите и ја влоши политичката состојба, оценуваат медиумите во Србија.

Детално за денешните избори во Косово може да погледнете во продлжение:

Ова се први редовни избори што ги одржува Косово по прогласувањето независност во 2008 година. Досега во земјата се одржаа серија предвремени избори.

 

косово избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.